Ако.мк: Попсимонова: На високото образование му фали срце, а ректорот Јанкуловски сака да го спаси со лоботомија

Почитуван Ректоре,

Јас сум Гордана Попсимонова, вработена на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како редовен професор. Член сум на Независниот академски синдикат (НАкС) од првиот ден на неговото основање. Ете, покрај професорката Најчевска и професорката Стевановиќ, имате уште една адреса на која можете лично да се обратите, ставајќи го во втор план значењето и делувањето на НАкС.

На Вашата објава дека наводно сте жртва на „груби невистини„ од страна НАкС, нема да одговорам. Од хигиенски причини. Само ќе Ве вратам неколку години наназад, односно кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година. Ќе Ве потсетам на случувањата кога се уриваше еден систем. Станува збор за Професоркиот пленум, кој заедно со Студентскиот, ја најави промената во нашата држава, започната со атакот врз универзитетската автономија. Со сигурност знам дека не бевте ниту со студентите, ниту со професорите. Вашето ценето име  го немаше на листата на професори кои се кренаа против окупацијата на Универзитетот. Веројатно сте биле преокупиран со поважни работи, како што е подготовката за кандидатура за оваа важна и одговорна позиција која сега ја имате – Ректор на најстариот и најголемиот универзитет во Државата. Или, да бидам и малку малициозиозна (на што имам апсолутно морално право) – сте биле впрегнат во одбрана на ликот и делото на еден господин кој во моментов има уредно регулиран престој во Будимпешта. Но, бидејќи милувате да зборувате за бројки, еве да Ве инфомирам дека тој список броеше 500 имиња и презимиња од сите универзитети и јавни научни институции кај нас. Кон нив беа приклучени и поранешните ректори на УКИМ. Вие не бевте меѓу нив.

Целиот текст прочитајте го тука
 Извор: Ако.мк