Министерот за здравство предизвесно време јавно изјави дека ќе се покачат платите на сите вработени во јавното здравство за 5%, почнувајќи со исплата на мартовската плата.

Во разговорите со синдикатите, Министерот истакна дека се работи за ограничени парични средства доделени од Светска банка, кои како додаток на плата, ќе се доделат на сите вработени во јавното здравство почнувајќи со мартовската плата, а завршувајќи со ноемвриската плата.
Поради фактот дека овој временски ограничен додаток по ниту еден основ не може да се смета за покачување на основната плата за 5%, кое во јавното здравство се остварува исклучиво од буџетски средства согласно колективен договор, Синдикатот на Клинички центар и Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита инсистираа да се потпише Анекс на Колективен договор со кој ќе се гарантираше трајно покачување на платите на вработените во јавното здравство од 5% и по истекот на додатокот на плата со средства од Буџетот на РС Македонија.
По исцрпните преговори и настојувања на синдикатите, Министерот за здравство одби да потпише Анекс на колективен договор и се произнесе дека ќе има додаток на плата, како бонус од 5% заклучно со ноемвриската плата.
Синдикатот на Клинички центар во текот на овие разговори, повторно го информираше Министерот за здравство и претставникот на Фондот за здравствено осигурување г-динот Миле Сугарев дека ќе инсистира и нема да отстапи од барањата за реализација на предизборната програма за покачување на платите од 10% во текот на првата година од мандатот на Владата на РС Македонија.
Анексот на ПКД требаше да ги содржи и барањата, кои Синдикатот претходно ги имаше доставено до Минситерот за здравство.
Овие барања, Синдикатот ги архивираше во Министерството за здравство и може да ги погледате тука.