Вработените во Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар Скопје (во понатамошниот текст: Јавната установа, ЈУ) единствени во јавното здравство не добија бонус додаток на плата од 10% (за 2 месеци).
Истовремено, вработените во Јавната установа кои работеа во Ковид-19 центрите (хигиеничарки, возачи кои транспортираа болни со Ковид-19, работници кои вршеа технички и сервисни услуги во Ковид-19 центрите и сл.) истотака, единствени во јавното здравство не добија еднократна награда за работа во Ковид-19 центри.
Како што е познато Јавната установа е дел од јавното здравство, и работи и е формирана исклучиво за потребите на јавното здравство.
Ваков селективен и дискриминирачки пристап кон Јавната установа доведува до оправдано незадоволство и револт кај сите вработени во оваа институција.
Од наведените причини, Самостојниот синдикат на вработените во Универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија достави допис до Генералниот секретар на Владата на РС Македонија и до Министерот за здравство на РС Македонија со барање согласно функциите кои ги обавуваат да се завземат оваа неправда да се исправи и вработените во ЈУ да добијат бонус додаток на плата како и сите други вработени во јавното здравство, а оние вработени од ЈУ кои работеле во Ковид-19 центрите да добијат еднократна награда.
Дописот до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија може да го погледате тука.
Дописот до Министерството за здравство на Република Северна Македонија може да го погледате тука.