Да се воспостави ефикасен систем за заштита на лекарите (физичко обезбедување и видео надзор) во сите здравствени установи, граѓаните да се едуцираат за улогата, влијанието и можноста на докторите, да сфтатат дека тие не се семоќни, а медицинскиот персонал да се потсети на етичкиот кодекс и на Хипократовата заклетва.
Ова, како што рече претседателот на Самостојниот синдикат на Универзитетски клиники, Горан Беговиќ во вечерашната „Топ тема”, е еден од начините за надминување на проблемот со насилството врз лекарите.
Според Беговиќ, проблемот со нападите е рецидив од некоректните политики на претходната власт која водеше жестока кампања, облепувајќи ги болниците со „Не примам мито” и праќајки ги извонредните доктори на едукација, со што ја понижи и маргинализира лекарската фела. Но, сегашниот министер, не направи ништо за да го излечи рецидивот.
-Што направи сегашниот министер тој рецидив да го излечи? Според нас во Синдикатот и објективните статистички податоци, ништо. Ако во времето на тогашниот министер имаше шест случаи на насилство, сега има 15, истакна Беговиќ.
Извор: Слободен печат 18/09/2019 – 20:28
Целата содржина прочитајте ја тука