Ако минималецот е 230 евра, а минималната потрошувачка кошница е 315 евра, ситуацијата може да се оцени како ужасна. Економскиот раст во Србија е се само не е одржлив. Додворувањето на крупниот капитал е погубно по малите и средните претпријатија.
Кога Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК, Шаран Бароу кон крајот на 2014 година била во Белград, тогашниот премиер, актуелниот Претседател Александар Вучиќ и направил две чести. Прво, и ветил дека синдикатите во Србија во иднина ќе бидат повеќе вклучени во преговорите со Меѓународниот Монетарен Фонд. Второ, и поважно, и се извинил што немало јавна расправа за усвојување на Законот за работни односи. Не по негова вина, бидејќи како премиер за чудо, не знаел ни дека немало расправа. Ем ветување, ем извинување; некои толку не добиваат ни за седум години, а камоли за ден. Било како било, Бароу минатиот месец била повторно во Белград, каде ИТУК го организираше меѓународниот форум за минимални плати, па ја прашавме дали од тогаш по нејзино мислење нешто се променило.
„Не, не би рекла. Економскиот раст во Србија е се само не одржлив, бидејќи со неговата распределба диригира Претседателот, а колку што слушнав од работниците со кои се состанав, поголемиот дел потекнува од дехуманизација на експлоатацијата на работната сила. Не знам како со друго име да ја наречам злоупотребата на работници, недоволно големите плати и перманентниот страв дека децата ќе заминат од државата. Од друга страна, луѓето со кои разговарав изразуваат завидно голема лојалност, бидејќи поголемиот дел од нив сакаат да останат во Србија. Во срцето на Европа сте, претставувате мамка за ланците на снабдување на мултинационалните компании, а власта на тие компании им дава субвенции иако не се грижи за социјалната заштита на граѓаните од кои некои гласале за нив. Дури не ги ни притискаат компаниите да ги почитуваат законите во однос на работничките права и да речеме, прашањето за минималната плата. Ако минималецот е 230 евра, а минималната потрошувачка кошница според владината статистика е 315 евра, ситуација можеме да ја оцениме како ужасна“, рече Бароу за НИН.
Според наодите на ММФ, Србија во блиска иднина може да остане без петина од работната сила.
Извор: www.rabotnik.com.mk Aug. 12, 2019 at 10:54 am