Синдикатот на Клиничкиот Центар го потпиша анекс договорот и ја прифати понудата на Министерството за здравство за зголемување на надоместокот за ноќен труд на медицинските сестри, од досегашниот коефициент 0,29 на 0,50.
На денешната средба на која присуствиваше и министерот Венко Филипче е договорено, медицинска сестра со средно образование, која до сега земала надоместок од 241 денари за ноќен труд, сега со зголемувањето да зема 416 денари, а медицинска сестра со високо обаразование, од 296 денари, сега ќе добива 512 денари за ноќен труд.
За надоместокот за оние медицински сестри кои дежураат и натаму ќе се преговара и ќе се договараат.
- Го прифативме зголемувањето. Ние баравме зголемување од 0.29 на 075. Ни беше ветено дека има волја и понатаму да се решаваат и сите нерешени проблеми со средно и со високиот медицински персонал, изјави претседателот на Синдикатот Горан Беговиќ.
Од утре ќе се формираат работни групи коишто натаму ќе работат и нивните барања ќе бидат упатени во Министерството за здравство за натамошно регулирање на нивниот статус.
Што се однесува до платите и нивното зголемување од 5 отсто што треба да започне со септемвриската плата, во Синидатот се децидни дека нема да го потпишат и бараат 15 проценти зголемување на платите на лекарите.
Од: Менче Атанасова Точи 16 април, 2018