Д-р Горан Беговиќ: Анализа на состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 во РС Македонија од здравствен апект

Презентацијата на трудот „Анализа на состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 во РС Македонија од здравствен аспект“ на претседателот на Синдикатот на Клинички центар, д-р Горан Беговиќ на вебинарот  „Анализа на состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 во РС Македонија од здравствен аспект“ одржан на 05.11.2020 година погледајте ја

тука 

Одржаниот вебинар е во склоп на проектот „Примена на мерките и протоколите во ек на пандемија за заштита од Ковид 19 во организација на Конфедерацијата на слободни синадикати и Македонското Здружение за заштита при работа, кој е поддржан од МОТ за „зајакнување на социјалниот дијалог“.

Синдикатот на Клинички центар беше домаќин на вебинарот, а д-р Беговиќ, кој беше модератор на вебинарот во својата презентација направи анализа на состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 во РС Македонија од здравствен апсект.

На вебинарот презентација имаше и претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, м-р Милан Петковски, дипл. инжинер по ЗПР на тема „Проценка на ризик на работно место при изложеност на САРС-КоВ-2“.

На присутните им се обрати и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, г-дин Благоја Ралповски кој во своето излагање се осврна на потребата и целта на овие вебинари во услови на пандемија со Ковид 19.

Скопје, 05.11.2020 година