Закон за докторска дејност ЛК 21.04.2016

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

ЗАКОН ЗА ДОКТОРСКА ДЕЈНОСТ

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој закон се уредуваат условите, организација и начинот на вршењето на докторската дејност, правта и должностите на докторите на медицина, регулирање на докторската дејност, вреднување на докторскиот труд, лиценца за работа на докторот на медицина, издавање, продолжување, престанување и одземање на лиценца за работа за вршење на докторска дејност од соодветна област на медицината, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Лекарска комора на Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на докторската дејност.

Член 2
Докторска дејност е од посебен интерес за граѓаните на Република Македонија.

II. ДОКТОРСКА ДЕЈНОСТ

Начела за вршење на докторска дејност

Член 3
Докторот е здравствен работник со завршен медицински факултет и стекнато звање: доктор на медицина.
Докторот на медицина е основен и меродавен носител на здравствена дејност што ја врши во согласност со следните начела:
1. постојано одржување и унапредување на квалитетот на докторските услуги во интерес на здравјето и општествената благосостојба и превенција на населението,
2. одржување и унапредување на довербата помеѓу докторот и пациентот, како и членовите на неговото семејство.
3. почитување на правата на пациентите,
4. независно и професионално вршење на докторската дејност,
5. чување и унапредување на слободата и угледот на докторската професија и дејност и
6. одржување и унапредување на достоинственото и одговорното професионално однесување во својата работа, преку почитување на прописите, правилата на струката и кодексот на медицинската и етика и деонтологија.

Член 4
Цел на докторската дејност е заштита на здравјето на поединецот,
семејството и населението.
Докторската дејност опфаќа:
1. преглед со кој се утврдува постоење или непостоење на телесни или
психички болести, телесни оштетувања или аномалии.
2. Проценка на состојбата од став 1, точка 1 од овој член, со помош на
дијагностички инструменти и постапки.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

3. Лекување и рехабилитација.
4. Давање на крв и крвни деривати.
5. Спречување на болести, здравствено образование и советување,
6. Грижа за репродуктивното здравје и помош при породување,
7. Пропишување на лекови, медицински производи и помагала,
8. Земање и пресадување на органи и ткива,
9. Мртво проверителство, обдукција на умрени лица, патоанатомска и
судско – медицинска дејност
10. Издавање на лекарски уверенија, потврди, извештаи и мислења
11. Телемедицина
12. Други работи во согласност со општи и посебни прописи

Член 5
Докторот на медицина постапува самостојно во процесот на
донесување на одлуки, избор на дијагностиката и лекувањето, во
согласност со дадените околности и научните знаења и стручни упатства за
медицина базирана на докази кои се во согласност со современата светска
медицинска практика.
Докторот на медицина е должен во вршењето на докторска дејност
особено да:
– ги почитува начелата на вршење на докторската дејност и
– да ги чува угледот, достоинството и независноста на докторското
звање.

Овластување за вршење на докторската дејност

Член 6
Докторска дејност можат да вршат доктори на медицина во
здравствени установи согласно овој и друг закон.
Докторската дејност можат да вршат доктори на медицина и во други
правни лица кои вршат здравствена дејност како што се установи од
областа на социјалната заштита, казнено-поправни установи и воспитно поправни

домови, државни органи, правосудни органи, како и трговски
друштва кои имаат повеќе од 100 вработени кои задолжително
организираат здравствен пункт како внатрешна организациона единица.

Општи услови за вршење на докторката дејност

Член 7
Општи услови за вршење на докторската дејност се:
– Диплома за завршен Медицински факултет во Република
Македонија или нострифицирана диплома на Медицински факултет
завршен надвор од Република Македонија
– Потврда за положен стручен испит
– Уверение за завршена специјализација односно
супспецијализација (за одредени работи)
– Државјанство на Република Македонија,
– Да нема забрана за вршење на дејност
– Упис во Регистерот на доктори на Докторската комора на Македонија,
– Одобрување за самостојна работа (лиценца за работа).

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

По исклучок од став 1, алинеа 2 на овој член, странски државјанин
може да врши здравствена дејност, ако покрај општите услови утврдени со
прописите од областа на движење, престој и вработување на странци ги
исполни и условите утврдени со овој закон за државјаните на Република
Македонија кои образованието го завршиле во странство и ако завршил
дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности
согласно со Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните
знаења и способности.
По исклучок од ставот 2 на овој член, за доктор на медицина со
високо образование кој се стекнал со квалификации во земјите членки на
Европската унија или во Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел,
Турција, Русија или САД не е потребна дополнителна обука и проверка на
стручните знаења и способности
Доктор на медицина – странски државјанин кој врши здравствена
дејност во Република Македонија, покрај условите пропишани во став 1 од
овој член, мора да го владее македонскиот јазик и неговото кирилично
писмо.(Б-2)

Организација и вршење на докторската дејност

Член 8
Докторската дејност докторот на медицина може да ја врши во
здравствена установа, трговско друштво, односно кај друго правно лице
што врши здравствена дејност.

II.ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ДОКТОРОТ ВО ВРШЕЊЕТО НА
ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ

Правата на докторите

Член 9
Докторот има право да му се почитува професионалното и човечко
достоинство.

Укажување и неукажување на докторска помош

Член
Докторот на медицина е должен да ги спроведе потребните мерки на
превенција, дијагностика и лекување, односно рехабилитација на сите лица
каде е тој избран доктор или кои се упатени од страна на друг доктор
заради укажување на здравствена заштита или во итни случаи заради
заштита на човековото здравје во здравствени установи.
Во итни случаи докторот е должен да му укаже помош на секое болно
лице, без одлагање, а останатите болни лица е должен да ги прима според
степенот на медицинската итност, односно спрема листата на чекање.
Под итни случаи од став 2 на овој закон се сметаат оние состојби кај
кои заради неукажување на докторска помош можат да настанат трајни
штетни последици по здравјето (инвалидност) или по животот на болното
лице.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Докторот на медицина е должен да направи тријажа според
моменталната ситуација и степенот на итност и да постапи според своја
процена.
Докторот на медицина има право да одбие да прегледа пациент во
случај кога тој не ги следи препораките, не ја спроведува терапијата затоа
што нема успех во лекувањето и не е изградена доверба.
Докторот на медицина може да одбие укажување на докторска помош
на лице што му се заканува или се однесува спрема него или другите
здравствени работници физички агресивно и вербално од негова страна
или пак од страна на членови на семејството, освен во животно
загрозувачки случаи.
Во случајот од став 6 на овој член докторот е должен на лицето да му
укаже докторска помош ако му е обезбедена заштита од страна на
полицијата или друг вид на заштита, доколку не може некој друг да го
прифати / прегледа.

Докторска тајна

Член 10
Докторот на медицина е должен, како докторска тајна, да чува се што
ќе дознае за пациентот кој му се обратил за докторска помош, а е во врска
со неговата здравствена состојба.
Докторска тајна важи и за писмени известувања во врска со
лекувањето на болниот, за сите наоди и снимки.
Чувањето на докторската тајна е должност и по смртта на болниот.
Докторот на медицина може да ја открие докторската тајна ако со
посебен закон не е поинаку уредено, само со одобрение на пациентот, по
налог на судот, но со одобрение на пациентот, во случај кога чувањето на
докторската тајна ќе го загрози здравјето на други луѓе, во научни и
наставни цели, само со одобрение на пациентот.

Обврска за пријавување

Член 11
Докторот на медицина е должен да пријави на полицијата или јавното
обвинителство кога во текот на вршењето на докторска дејност се
посомнева дека смртта или телесната повреда на пациентот настанала по
насилен пат.
Докторот на медицина е должен да пријави и кога ќе се посомнева
дека на малолетно лице или немоќно лице здравствената состојба му е
сериозно нарушена поради запоставување или малтретирање.

Водење и чување на медицинска документација

Член 12
Докторот на медицина е должен да води точна, исцрпна и датирана
медицинска документација во согласност со прописите за евиденциите во
областа на здравството, која во секој момент може да даде доволни
податоци за здравствената состојба на пациентот и неговото лекување.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Докторот на медицина е должен медицинската документација од став
1 на овој член на писмено барање, да ја предаде на министерството за
здравство, органите на државната управа на надлежен судија и по постапка
во согласност со посебни прописи, Лекарска комора на Македонија или на
судот согласно Законот за евиденција во областа во здравството и
прописите за заштита на личните податоци.
Здравствената установа/овластеното лице е должно при давањето на
медицинската документација да обезбеди присуство на докторот кој ја
изготвил истата.
Докторот на медицина или одговорното лице на здравствената
установа, или друго правно лице што врши здравствена дејност се должни
документацијата што се чува на електронски медиум да ја обезбедат од
менување, привремено или трајно уништување или неовластено користење.
Докторот на медицина е должен да му ја даде на увид целата
медицинска документација на пациентот што се однесува на дијагностиката
и лекувањето на неговата болест, на негово барање.
Докторот на медицина или одговорното лице на здравствената
установа или друго правно лице што врши здравствена дејност се должни
да ги чуваат податоците за амбулантно лекување на пациентот десет
години по завршеното лекување, а после тој рок се должни да постапат со
податоците во согласност со Законот за архивско работење.
Кога овластено лице, во согласност со посебен закон, ќе ја преземе
медицинската документација од став 2 на овој член , должно е да му издаде
на докторот или одговорното лице на здравствената установа, трговското
друштво или друго правно лице што врши здравствена дејност службена
потпишана потврда за преземање, со попис на преземената документација.

Докторски потврди

Член 13
Докторот на медицина може да издава докторски потврди само после
извршен докторски преглед и/или увид во оригиналната постоечка
документација на лицето за кое се издава потврдата и по точно утврдените
факти : генералии, време, место и наод што треба со потврдата да се
потврдат, во согласност со своето најдобро знаење и совеста.

Избор на друг доктор

Член 14
Во случај ако пациентот избере друг доктор на медицина, докторот
или одговорното лице на здравствената установа, се должни на
новоизбраниот доктор да му ја предадат целосната медицинска
документација за пациентот на писмено барање, како и да архивираат
потпишана изјава за преземање на медицинската документација, во
согласност со прописите за водење и чување на медицинска документација.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Претрес на ординација на доктор на медицина

Член 15
Претрес на ординација на доктор на медицина може да нареди само
надлежниот суд со писмен налог, ако за тоа се исполнети условите
пропишани со закон и се во непосредна врска со кривично дело за кое се
води постапка.
Кога ќе се одреди претрес на ординација на доктор, судот за тоа
веднаш ќе ја извести Лекарската комора на Македонија.
Докторот на медицина има право, тој или неговиот заменик и двајца
сведоци од кои еден треба да биде преставник на ЛКМ, да присуствуваат
при претресот на неговата ординација.
При претресот на докторската ординација не смее да биде повредена
тајноста на докторската документација и предметите, на штета на
пациентите.
Претресот на ординација на докторот ќе се ограничи само на преглед
на онаа докторска документација и предмети што се во непосредна врска со
основано сомнение на кривичното дело за кое се води постапката.
Доказите прибавени во спротивност со одредбите на овој член не
можат да се употребат во постапката против докторот и неговите пациенти.
При претрес на ординација на докторот се води записник за
затекнатата состојба и земената медицинска документација.

Меѓусебни односи на докторите

Член 16
Докторот на медицина е должен со своето однесување и
постапување да ги почитува честа, достоинството и угледот на друг доктор,
почитувајќи ја неговата стручност.
Докторот на медицина ќе се однесува спрема другите доктори на
начин како што би сакал и тие да се однесуваат кон него, согласно Кодексот
на медицинската деонтологија.
На своите учители ќе се однесуваат со почит и благодарност за
знаењето, вештините и образованието кое од нив го примиле.
Ако од докторот на медицина некој друг доктор побара стручен совет
и/или помош, докторот мора да му ја даде несебично и најдобро што знае.
Докторот на медицина не смее да ги придобива пациентите на своите
колеги.
Докторот на медицина може да преземи грижи за пациент на друг
доктор само по барање на докторот или пациентот.
Обврска е на докторот на медицина кој го упатува пациентот кај друг
доктор да го информира за деталите кои би можеле на било кој начин да
наштетат односно да го загрозат здравјето или животот на докторот.
На здравствените соработниците или другите здравствени работници
докторот ќе им укажува за сторените пропусти на начин на кој нема да се
повреди нивното човеково и професионално достоинство, и никогаш пред
пациентот или неговите роднини.
Во случај докторот на медицина да дознае за несоодветна етичка,
морална или медицинска постапка на своја колега, тоа нема да се
разговара со пациентот, неговите блиски или други колеги, јавноста и

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

медиумите. За добиените сознание ја докторот на медицина ќе се обрати во
присуство на колегата до одговорното лице или до стручно тело во
Комората.
Правилата на колегијалност бараат докторите да го бранат колегата
кој бил нападнат необјективно.
Доколку докторот не ги почитува одредбите од овој член тој има право да
се обрати во Лекарската Комора на Македонија која е надлежна за решавање на
споровите меѓу докторите

Односот на докторот на медицина спрема докторска дејност

Член 17
Докторот на медицина треба со своето однесување и активности да
го задржи угледот на лекарската професија.
Докторот на медицина ќе се грижи за својата професионална
репутација и независност,нема да дозволи неговото име да се издвојува и
поврзува со комерцијални активности заради остварување на лична корист.
Докторот на медицина ќе избегнува стекнување и ширење на углед
со саморекламирање и со само промоција и неточни информации за себе и
за други доктори и медицински установи во медиумите.
Докторот на медицина не смее да соработува со поединци,
институции или компании кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста
застапувајќи непроверени работи и постапки наменети за лекување, чување
и промоција на здравјето.

Физички и психички интегритет, личност, достоинство и
сигурност на докторите на медицина

Член 18
Доктор на медицина кога врши здравствена дејност и дава
здравствени услуги се смета како службено лице кое врши службена
должност врз основа на овластување дадено со закон.
Физичкиот и психичкиот интегритет, личноста и достоинството на
докторот на медицина од став 1 на овој член, како и неговата сигурност
мора да се почитуваат и докторот има право на заштита на овие права кога
врши здравствена дејноста и дава здравствени услуги како службена
должност.
Напад врз доктор на медицина при вршење на здравствена дејност и
давање на здравствени услуги како службена должност се смета како напад
врз службено лице при вршење на здравствена дејност и давање на
здравствени услуги како службена должност.

III .ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ДАДЕНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА

Стручно усовршување

Член 19

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Докторот на медицина има право и обврска на стручно усовршување,
кое опфаќа:
-континуирано следење на развојот на медицинската наука
-стекнување на нови знаења и вештини и нивно имплементирање
Здравствената установа има обврска да му обезбеди на докторот
стручно усовршување во опсегот на потребата за обновување на
одобрението (лиценцата) за самостојно работење во тек на работно време..
Здравствената установа има обврска на докторот во рамките на
работните обврски да му обезбеди материјални средства (котизација и
патни и дневни трошоци за докторот) за престој и учество на облиците на
стручно усовршување во опсег на потребата за обновување на одобрение
(лиценцата) за самостојно работење.

Стручен надзор над работата на докторот на медицина

Член 20
Лекарска комора на Македонија за обезбедување на квалитетот и
безбедноста при укажувањето на здравствената заштита во вршењето на
здравствената дејност врши надзор над стручната работа на докторот на
медицина.
Надзорот од став 1 на овој член го врши Лекарската комора како
редовен стручен надзор и како стручен надзор по потреба.
Трошоците за спроведување на редовниот стручен надзор паѓаат на
товар на министерството за здравство.
Трошоците за вонредниот стручен надзор паѓаат на товар на
подносителот на барањето. .
Висината на трошоците од ставот (3) на овој член ја утврдува
Лекарската, Стоматолошката со општ акт .

Надзор над стручната работа

Член 21
Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите
установи кои вршат здравствена дејност и на доктор на медицина се врши
заради контрола над стручната работа, спроведување на стручните
упатства, оцена на стручната работа, како и процена на условите и начинот
на укажување на здравствената заштита.
Надзорот од ставот 1 на овој член го врши Лекарска комора на
Македонија.
Надзорот од ставот 1 на овој член се врши како редовен стручен
надзор и како стручен надзор по потреба.
Редовниот стручен надзор се врши согласно со годишниот план
Надзор над стручната работа по потреба се врши на барање на
пациент, член на неговото семејство и државен орган.
Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за
вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и
другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените
работници и соработници.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Извештај за извршен стручен надзор

Член 22
Лекарска комора на Македонија, во рок од осум дена од денот на
завршувањето на надзорот над стручната работа, доставува извештај за
надзорот до министерот за здравство и до установата во која е извршен
надзорот.
Извештајот задолжително ги содржи следниве елементи:
– констатираната состојба,
– евентуалните недостатоци, неправилности или пропусти во
вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на
стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствената
заштита,
– стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или
можните последици по здравјето на луѓето и
– предлог за определување мерки за отстранување на недостатоците,
неправилностите или пропустите и рокови за нивно спроведување.
Установата во која е извршен надзорот, односно доктор на медицина
кои биле опфатени со надзорот можат да поднесат приговор на извештајот
од извршениот надзор до министерот за здравство во рок од три дена од
денот на приемот на извештајот во установата.
По исклучок од ставот 1 на овој член, ако Министерството за
здравство констатира непосредна опасност по животот и здравјето на
граѓаните, најдоцна во рок од 24 часа организира спроведување на стручен
надзор и предлага преземање соодветни мерки.

IV. ОДГОВОРНОСТ НА ДОКТОРИТЕ

Член 23
Одговорноста на докторот на медицина е дисциплинска и кривично
правна.
Докторот на медицина дисциплински ќе одговара ако:
– ги прекрши одредбите од Кодексот на медицинската етика и
деонтологија на Комората,
– врши медицинската дејност спротивно на закон,
– со своето однесување на работно место кон пациентот,
здравствените работници и соработници прави штета на угледот на
медицинската професија.
Докторот на медицина кривично ќе одговара ако ги прекрши
одредбите од кривичниот законик.
Дисциплинската и кривична одговорност на докторот или
дисциплинска одговорност во здравствена установа, или друго правно лице
кое обезбедува здравствени услуги, не ја исклучува дисциплинската
одговорност на докторот во Комората.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

V. ВРЕДНУВАЊЕ НА ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ

Член 24
Вреднувањето на докторската дејност како високо специјализирана
дејност од исклучително значење за поединците и општеството, во мрежата
на здравствена дејност се определува согласно должината на
образованието, специјалистичкото односно супспецијалстичкото
усовршување и континуирана едукација во смисла на обновување на
лиценцата за работа, со основна нето плата.
Основната нето плата се утврдува така што просечната плата во
републиката се множи коефициент 2,5 за општи доктори, со коефициент 2,7
за доктори специјализанти, со коефициент 3,5 за доктори специјалисти и
коефициент 3,8 за доктори супспецијалисти.

Цената на трудот на докторот кои вршат приватна пракса

Член 25
Заради спречување нелојална конкуренција и зачувување на
дигнитетот на докторите и нивната работа најниската цена на
докторските услуги ги определува Лекарска комора на Македонија.
Докторот на медицина што врши приватна практика треба во
просторот каде ја врши дејноста на достапно и видливо место да истакне
ценовник на своите здравствени услуги.

Дополнителна дејноста

Член 26

Докторите на медицина – специјалисти вработени во здравствена
установа кои вршат специјалистичко-консултативна и болничка здравствена
дејност со над две години работно искуство во специјалноста можат да
укажуваат здравствени услуги како дополнителна работа, после редовното
работно време, согласно со лиценцата за работа во установа каде што е
вработен или во друга здравствена установа.
Доктор на медицина, доколку надвор од редовно работно време биде
ангажиран, повикан од пациент за консултација или совет, соодветно се
наградува.

Волонтерска работа

Член 27
Докторот на медицина надвор од здравствената мрежа во соработка
со верски, хуманитарни и невладини здруженија и организации, може и без
надоместок да врши едукација и здравствено образование.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

VI. ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА НА ДОКТОРОТ НА МЕДИЦИНА

Пробна работа и стручен испитна докторите на медицина

Член 28
Здравствените установи можат да примаат доктори на медицина за
извршување на пробна работа и оспособување за полагање на стручниот
испит.
Пробната работа на доктори на медицина кои завршиле петгодишни
студии трае една година, за доктори на медицина кои завршиле
шестгодишни студии трае шест месеци.
Пробната работа на докторот на медицина се спроведува во
здравствени установи според планот и програмата од овој закон, преку
практична обука и под надзор на овластен доктор на медицина – едукатор
за спроведување на пробна работа.

План и програма за пробна работа на здравствените работници

Член 29
Планот и програмата за пробна работа на докторот на медицина,
образецот и начинот на водење на книшка за пробна работа ги пропишува
министерот за здравство по претходно мислење од Лекарска комора на
Македонија.

Ментор за спроведување на пробна работа

Член 30
Менторот е доктор на медицина кој го организира и следи
спроведувањето на планот и програмата за пробната работа на доктор на
медицина и обезбедува дополнителни активности во случај докторот на
медицина да не успее да постигне задоволителен степен во својот
напредок во текот на пробната работа.
Менторот има улога на водич на докторот на медицина во периодот
на пробната работа.
Менторот може да води најмногу 5 доктори на медицина кои ја
обавуваат пробната работа.

Едукатор за спроведување на пробна работа

Член 31
Едукатор е доктор на медицина под чиј надзор се исполнуваат
пооделните дисциплини и вештини од планот и програмата за пробната
работа и се грижи за индивидуалната едукација.
Едукаторот ги едуцира докторите на медицина во текот на пробната
работа и го спроведува делот од пробната работа за кој е определен.
Едукаторот од ставот 1 на овој член е должен да води евиденција за
спроведувањето на стажот и да го обезбеди спроведувањето на планот и
програмата за пробна работа.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Критериуми за ментор и едукатор за спроведување на пробна работа

Член 32
Критериуми за ментор и едукатор за спроведување на пробна работа се :
– еден ментор да има најмногу пет кандидати
– еден кандидат да си има еден ментор
– менторот ги координира сите едукатори
– ќе има еден едукатор од примарна, еден од интерна, еден од
хирургија, еден од гинекологија
– менторот се договара и во комуникација со едукаторите и
контролира
– изборот на ментор да биде на секои пет години
– менторот да има најмалку 7 години специјалистички стаж
– едукаторот да има 5 години специјалистички стаж.

Член 33
Менторите и едукаторите за спроведување на пробна работа, кои се
со соодветно високо образование и работно искуство во соодветната
област на специјализацијата, под чиј надзор се спроведува пробната
работа на докторот на медицина, ги определува Лекарска комора на
Македонија.
Поблиските критериуми што треба да ги исполнуваат едукаторите за
спроведување на пробната работа во однос на образованието и работното
искуство од ставот 1 на овој член ги утврдува Лекарска комора на
Македонија со акт на кој министерот за здравство дава согласност.

Стручен испит за здравствените работници

Член 34
По завршување на пробната работа, докторите на медицина се
должни да полагаат стручен испит во рок од една година од денот на
завршувањето на планот и програмата за пробна работа.
Ако докторите на медицина не полагаат стручен испит во рокот од
ставот 1 на овој член, повторно ја извршува пробната работа.
Докторите на медицина стручниот испит го полагаат пред испитни
комисии формирани од Лекарска комора на Македонија.
Составот на испитната комисија, начинот на полагање на испитот,
начинот на проверката на стекнатите знаења и вештини и обрасците на
уверението за положен стручен испит на докторите на медицина ги
утврдува Лекарска комора на Македонија со општ акт на кој согласност дава
министерот за здравство.

Признавање на пробната работа и стручен испит поминат и положен
во странство

Член 35
Пробната работа и стручниот испит на докторите на медицина кои ги
поминале и положиле во странство може да се признаат во целост или
делумно ако програмата за поминатиот стаж, односно програмата за

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

полагање на стручниот испит не отстапува од програмата за пробна работа,
односно програмата за стручниот испит донесени врз основа на овој закон.
Признавањето на пробната работа и стручниот испит од ставот 1 на
овој член на докторите на медицина го врши Лекарска комора на
Македонија.

2.ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ, ПРОДОЛЖУВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА
ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА

Надлежност на коморите

Член 36
Издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето лиценца
за работа на доктор на медицина го врши Лекарската комора на Македонија
заради утврдување на стручната оспособеност на здравствените работници
за самостојна работа.
Лиценцата за работа се издава за период од седум години.

Стекнување лиценца

Член 37
Доктор на медицина може да се стекне со лиценца за работа, ако
има:
1) диплома за завршено соодветно образование од областа на
медицината,и
2) доказ за извршена пробна работа и доказ за положен стручен испит.
Доктор на медицина со извршена пробна работа и положен стручен
испит во странство може да се стекне со лиценца за работа, ако има:
1) нострифицирана диплома за завршено соодветно образование и
2) доказ за призната пробна работа и положен стручен испит.
Доктор на медицина кој се стекнал со лиценца за работа во странство
може да се стекне со лиценца за работа, ако покрај условите од ставот 2 на
овој член има и:
1) препорака од комората во која членувал и
2) доказ за претходно работно искуство во дејноста во која бара лиценца за
работа.

Лиценца за работа во гранка на специјализација и супспецијализација

Член 38
Докторот на медицина, по завршување на соодветна специјализација,
односно супспецијализација, може да се стекне со лиценца за работа во
соодветната гранка на специјализацијата, односно супспецијализацијата.

Стекнување лиценца за здравствен работник – странски државјанин

Член 39
Доктор на медицина странски државјанин може да се стекне со
лиценца за работа, ако покрај општите услови утврдени со прописите од

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

областа на движење, престој и вработување на странци ги исполни и
условите утврдени со овој закон за државјаните на Република Македонија
кои образованието го завршиле во странство и ако завршил дополнителна
обука и проверка на стручните знаења и способности согласно со
Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и
способности од членот 40 од овој закон.
Доктор на медицина, странски државјанин кој врши здравствена
дејност во Република Македонија, покрај условите пропишани во членот
37 и 38 од овој закон, мора да го владее македонскиот јазик.
Доктор на медицина од ставот 1 на овој член познавањето на јазикот
го докажува со потврда од овластена образовна установа за успешно
положен тест за знаење на јазикот.

Програма за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и
способности

Член 40
Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења
и способности на доктор на медицина, составот на испитната комисија и
начинот на спроведувањето на проверката ги утврдува Лекарска комора на
Македонија со акт, на кој министерот за здравство дава согласност.
Проверката од ставот 1 на овој член ја врши Лекарска комора на
Македонија.

Обновување на лиценцата

Член 41
На доктор на медицина може да му се обнови лиценцата за работа
ако во периодот на важноста на лиценцата со континуирано стручно
усовршување, преку следење на новините во медицината, стоматологијата,
односно фармацијата и унапредување на сопственото знаење, се стекнал
со соодветен број бодови и најмалку 60% од времето на важноста на
лиценцата за работа работел во дејноста за која стекнал лиценца за
работа.
По исклучок од ставот 1 на овој член на доктор на медицина избран
или именуван на јавна функција времето поминато во вршење на
функцијата и едукативен престој во странство не му се засметува во
времето на важноста на лиценцата за работа утврдено во ставот 1 на овој
член.
Облиците на континуирано стручно усовршување, критериумите за
распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на
облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите од ставот (1)
на овој член ги утврдува Лекарска комора на Македонија со општ акт на кој
согласност дава министерот за здравство.

Привремено продолжување на лиценцата

Член 42
На доктор на медицина кој не ги исполнува условите од членот 41 од
овој закон може привремено да му се продолжи лиценцата за работа за

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

наредните шест месеци, под услов во овој период успешно да заврши
дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности
согласно со програмата за дополнителна обука и проверка на стручните
знаења и способности.
На доктор на медицина кој не ги исполнува условите од ставот 1 на
овој член привремено му се одзема лиценцата за работа.

Повторно стекнување со лиценца за здравствен работник на кого
привремено му е одземена

Член 43
Доктор на медицина на кој му е привремено одземена лиценцата за
работа може повторно да се стекне со лиценца ако во текот на годината
што следи по истекот на роковите на важност утврдени со овој закон
помине дополнителна обука согласно со програмата од членот 40 од овој
закон и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и
способности пред испитна комисија на комората.

Привремено или трајно одземање на лиценцата

Член 44
Лекарска комора на Македонија може привремено или трајно да ја
одземе лиценцата за работа на доктор на медицина.
Привремено одземање на лиценцата за работа на доктор на
медицина може да се изврши најмногу за период од седум години, согласно
критериуми утврдени во Правилник, ако доктор на медицина:
1) не ја продолжи лиценцата за работа во роковите утврдени со овој закон;
2) не ја заврши дополнителната обука во утврдениот рок;
3) не ја заврши со успех дополнителната проверка на стручните знаења и
способности;
4) има судско правосилно решение со кое привремено му е забрането
вршење на дејност или професија;
5) ги прибавил доказите за исполнување на условите пропишани со овој
закон спротивно на законот и тоа се утврди по доделувањето на лиценцата
за работа;
6) врши дополнителна дејност спротивно на закон;
7) работи надвор од лиценцата за работа или работи во услови за кои нема
дозвола за работа издадена согласно со овој закон, со исклучок во случај на
ургентност и кога не се наплаќа здравствената услуга
8) сторил повреда на Кодексот на медицинската етика и деонтологија и тоа
е утврдено од Судот на честа при соодветната комора.
Во решението за привремено одземање на лиценцата за работа се
определува дополнителната обука која доктор на медицина треба да ја
изврши согласно со програмата од членот 40 од овој закон и успешно да ја
заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности пред
испитна комисија на соодветната комора за да може повторно да му се
издаде лиценца за работа.
Трајно одземање на лиценцата за работа се врши ако со правосилна
судска одлука се утврди дека доктор на медицина сторил стручен пропуст

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на
здравјето или смрт на болниот.
Судот има обврска да ги доставува правосилните пресуди до
Лекарска комора на Македонија.

Право на жалба против решение за привремено и трајно одземање на
лиценцата

Член 45
Против решението за привремено и трајно одземање на лиценцата
за работа, доктор на медицина има право на жалба до министерот за
здравство во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Повторно стекнување со лиценца

Член 46
Доктор на медицина може повторно да се стекне со лиценца за
работа ако помине дополнителна обука и успешно ја заврши
дополнителната проверка на стручните знаења и способности согласно со
програмата од членот 40 од овој закон пред испитна комисија на комората.

Акт поврзан со лиценцата

Член 47
Начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на
лиценцата за работа и формата и содржината на образецот на лиценцата
за работа на доктор на медицина поблиску ги утврдува Лекарска комора на
Македонија со општ акт на кој согласност дава министерот за здравство.

Трошоци

Член 48
Трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата
за работа паѓаат на товар на подносителот на барањето.
Основни критериуми за утврдување на трошоците се реалните
административни и материјални трошоци за спроведување на постапката за
издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа.
Висината на трошоците од ставот 2 на овој член ја утврдува Лекарска
комора на Македонија со општ акт на кој согласност дава министерот за
здравство.

VII. ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Член 49
Заради заштита и унапредување на стручноста и етичките должности
и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита,
заштитата на интересите на својата професија, следење на односот на

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

здравствените работници кон општеството и граѓаните, докторите на
медицина се здружуваат во Лекарска комора на Македонија.
Комората од овој член донесува статут, кодекс на професионалните
етички должности и права, формира суд на честа и други помошни тела.

Комората како правно лице

Член 50
Комората има својство на правно лице и се запишува во Централниот
регистар на Република Македонија.
Кон барањето за запишување на комората во регистарот на коморите
предлагачот приложува записник од основачкото собрание, примерок од
статутот на комората и одлука за именување на претседател на комората и
секретар, ако комората има секретар, а во случај на престанување на
комората, предлагачот кон барањето приложува одлука за престанување на
комората согласно со статутот.
Ако комората го измени статутот, избере или разреши претседател
или ако се измени кој било од податоците кои се запишуваат во
Централниот регистар на Република Македонија, поднесува барање за
измена на запишувањето во регистарот во рок од 30 дена од денот на
настанувањето на промената.
Кон барањето од ставот 3 на овој член комората мора да приложи
записник од седницата на собранието на која биле донесени измените.

Основачко собрание

Член 51
На основачкото собрание на комората се донесува статут на
комората и се избираат нејзините органи.
Основачкото собрание на комората го свикуваат здравствени
работници кои сакаат да основаат комора.
Одлуката за свикување на основачкото собрание се објавува во
„Службен весник на Република Македонија“.
На основачкото собрание може да учествува секој кој согласно со
закон и предлогот на статутот може да биде член на комората и кој во рокот
определен во свикувањето од ставот (3) на овој член, ќе го пријави своето
учество на основачкото собрание.

Статут

Член 52
Статутот на комората (во натамошниот текст: статут) содржи одредби
кои се однесуваат на:
– името и седиштето на комората,
– целите и задачите на комората,
– органите на комората, постапката за нивен избор, односно именување и
причините и начинот на нивното отповикување, нивниот состав,
надлежностите и начинот на одлучување,
– лицата кои ја застапуваат комората во правниот промет,
– правата, обврските и одговорностите на членовите на комората и нивите

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

претставници во органите на комората,
– начинот на обезбедување на финансиски средства потребни за
извршување на задачите на комората,
– начинот и постапката на определување на членарината и мерилата за
нејзино определување,
– задачите на комората кои се финансираат од членарината,
– постапката за измена на статутот на комората,
– другите општи акти и постапката за нивното донесување,
– начинот и обврските на членот при пристапувањето и истапувањето од
комората и
– други работи утврдени со овој закон и со статутот.

Органи

Член 53
Органи на комората се:
– собрание,
– извршен одбор,
– надзорен одбор и
– претседател на комора.
Комората може да има и други органи, ако тоа е определено со
статутот.

Собрание

Член 54
Собранието на комората е највисок орган на комората.
Собранието на комората може согласно со статутот да го сочинуваат
сите негови членови или избраните претставници на членовите.
Ако собранието на комората го сочинуваат избрани претставници на
членовите, со статутот на комората се уредува начинот на нивниот избор и
траењето на нивниот мандат во собранието.
Секој член на комората има право да учествува на изборите на
претставниците на членовите на собранието.

Задачи на собранието

Член 55
Собранието на комората ги извршува особено следниве задачи:
1) донесува статут на комората;
2) донесува годишната програма за работа и финансискиот план и
извештаите за нивно спроведување;
3) одлучува за висината на членарината и
4) одлучува за именувањето и отповикувањето на претседателот на
комората и на членовите на управниот и надзорниот одбор.
Со програма за работа и финансискиот план од ставот 1 точка 2 на
овој член се определуваат задачите и висината на финансиските средства
на комората и целта на нивното користење.
Начинот на свикувањето и одлучувањето на собранието се уредува
во статутот.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Извршен одбор

Член 56
Извршниот одбор на комората ги извршува особено следниве задачи:
1) предлага на собранието донесување на програма за работа и
финансиски план;
2) разгледува и донесува предлози на материјалите за седниците на
собранието на комората;
3) ја спроведува програмата за работа и финансискиот план и другите
одлуки на собранието и за тоа го известува собранието и
4) разгледува предлози на членовите за дејствување на комората.
Членовите на извршниот одбор се избираат за период од најмногу
четири години и може да бидат повторно избрани најмногу уште еднаш.
Бројот на членовите на извршниот одбор се определува со статутот.

Надзорен одбор

Член 57
Бројот на членовите на надзорниот одбор се определува со статутот.
Член на надзорниот одбор не може да биде претседателот на
комората, односно член на извршниот одбор на комората.
Мандатот на членовите на надзорниот одбор изнесува најмногу
четири години и со можност за повторен избор најмногу уште еднаш.
Претседателот на надзорниот одбор се избира од членовите на
надзорниот одбор, кој ги свикува и ги води седниците на надзорниот одбор.
Надзорниот одбор врши надзор над законитоста на работењето и
правилноста на работењето на комората и за својата работа го известува
собранието на комората.

Претседател и членови на одборите

Член 58
За претседател на комората, член на извршниот одбор и надзорниот
одбор може да се избере лице кое ги исполнува условите утврдени со
статутот.
Претседателот на комората ја застапува и претставува комората во
правниот промет.
При изборот на органите на комората се применува принципот на
соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република
Македонија.

Финансиски средства за работа

Член 59
Финансиските средства за работа на комората се обезбедуваат од
членарина, плаќања за услугите кои ги врши комората, донации и други
извори.
Комората го води сметководството согласно со прописите од
соодветната област.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Комората гарантира за своите обврски со целиот свој имот.
Членовите на комората не се одговорни за обврските на комората.
Јавни овластувања и должности на Лекарската, Стоматолошката,
односно комора.

Член 60
Лекарска комора на Македонија :
– издава,обновува,продолжува и одзема лиценца за работа,
– води регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци и –
– врши стручен надзор над работата на здравствените установи и докторите
на медицина.
Стручниот надзор над работата на докторите на медицина комората
од ставот 1 на овој член го врши врз основа на годишен план за стручен
надзор над работата на здравствените установи и докторите на медицина.
Комората е должна годишниот план за стручен надзор да го донесе
најдоцна до 31 декември од тековната за наредната година.
Формата и содржината на регистрите од ставот 1 на овој член и
начинот на нивното водење ги пропишуваат комората од ставот 1 на овој
член со акт на кој министерот за здравство дава согласност.
Комората од ставот 1 утврдува кодекс на професионалните етички
должности и права, формираат суд на честа и други помошни тела и
донесуваат други акти за начинот на работењето на нивните органи и други
акти за кои се овластени со закон.
Комората е должна два пати годишно да доставува извештај за
работите што се однесуваат на издавањето, продолжувањето,
обновувањето и одземањето на лиценците за работа до Министерството за
здравство.

VIII. ЈАВНИ КНИГИ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

1.УПИС НА ДОКТОРОТ ВО РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ,ОБНОВЕНИ,
ПРОДОЛЖЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИ

Член 61
Упис на доктор во Регистарот на издадени, обновени, продолжени и
одземени лиценци на доктори на Лекарска комора на Македонија (во
натамошниот текст:Регистар ) се врши на барање на докторот што ги
исполнува условите пропишани со член 37, 38 и 39 од овој закон.

Член 62
Лекарска комора на Македонија води Регистар издадени, обновени,
продолжени и одземени лиценци на доктори, други регистри и евиденции.
Лекарска комора на Македонија води посебни регистри за
приправници, специјализанти, специјалисти, супспецијалисти, за посебна
оспособеност на докторите, за како и дисциплински регистар.
Регистарот на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци
на доктори, регистрите и евиденциите од став 1 на овој член се јавни книги.
Извадоците од Регистарот на издадени, обновени, продолжени и
одземени лиценци на доктори регистрите и евиденциите од став 1 на овој

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

член, како и потврдите издадени врз основа на податоците од нив се јавни
исправи.
Содржината и податоците што се впишуваат во Регистарот издадени,
обновени, продолжени и одземени лиценци на доктори, регистрите и
евиденциите од став 1 на овој член ги пропишува со општ акт Лекарска
комора на Македонија.

Докторска легитимација

Член 63
На доктор на медицина запишан во Регистарот издадени, обновени,
продолжени и одземени лиценци на доктори му се издава докторска
легитимација.
Формата и содржината на докторската легитимација, како и начинот
на издавање и водењето на евиденција за издадени легитимации ги
пропишува со општ акт Лекарска комора на Македонија, која согласност
дава министерот за здравство.

Бришење од Регистарот на доктори

Член 64
Докторот на медицина се брише од Регистарот издадени, обновени,
продолжени и одземени лиценци на доктори:
-на свое барање,
-со одлука за времено или трајно одземање на лиценцата од
Лекарска комора на Македонија,
-со неговата смрт.

IX. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
———————————————–
X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 65
Со влегувањето во сила на овој закон, Комората основана во рамките
на здравствена заштита (“Службен весник на РМ”, бр………………..)
продолжува да работи.

Член 66
Комората е должна да се усогласат со Статутот на одредбите на овој
закон во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој Закон.
Другите акти на Комората да се усогласат со овој закон и Статутот во
рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон.

Процедури во тек

Член 67
Постапката пред органите на Лекарската комора на Македонија, кои
се во тек на денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат
според законодавството под кои постапката започнале.

21.АПРИЛ 2016 – ЗАВРШЕН

Влегување во сила

Член 68
Овој закон влегува во сила осмиот ден со денот на објавувањето во
“Службен весник”.