Влада на РСМ извести дека Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден на Електонскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на Изградба на нов универзитетски клинички центар на greenfield локација по модел ,,клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проект.
Критериум за избор на најповолна понуда ќе биде најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, економски најповолна понуда. За првпат не е критериум најниска цена, туку економски најповолна понуда, при што се земаат во критеритум цена 30 бода и квалитет 70 бода.
Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје на greenfield локација ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава. Предвидениот пристап на Министерството за здравство, во согласност со ,,Студијата за изводливост на проектот преместување на Универзитетските клиники во Скопје на greenfield локација” е реализација на градбата во три последователни фази, по системот ,,клуч на рака“ кој подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и нивна реализација, обука на персонал, како и одржување на објектот и опремата за определен период за секоја последователна фаза.
Извор: Ако.мк –
Целиот текст прочитајте го тука