За поддршка на настраданиот лекар во Скопје протестираа и докторите од Струга и Куманово

Со цел да се даде поддршка на лекарот во кој беше пукано на Клиниката за дигестивна хирургија и изразување на револт од статусот на здравствените работници, денес протестираа и вработените од Заводот за нефрологија во Струга.

извор: ОхридПрес

На протестот се приклучија и вработените во ЈЗУ Општа болница Струга и вработените во Општа болница Куманово.

Главниот протест се одржа во Скопје во кругот на Клиничкиот центар.