Само за досегашните неколку анализи што треба да ги оправдаат идеите за јавно-приватните партнерства, Министерството за здравство потрошило над 1.700.000 денари, народни пари. Филипче не отстапува од плановите приватници да стопанисуваат со одредени дејности во државниот здравствен систем. Па уште необјавени резултатите од старите, чија изработка доста доцнеше, министерот најавува нови физибилити студии.
Министерот Филипче уверува оти идејата приватници да стопанисуваат и раководат со установи е добра. Засега и за планот – приватник да стопанисува со Брзата помош и домашната посета, но и за идејата стерилизацијата да се даде на приватен партнер и да функционира на принцип на јавно приватно партнерство, наидоа на голем број остри реакции од лекарите.
На ваквите најави жестоко говореа и од Синдикатот на клинички центар, од каде што побараа здравствените власти да се консултураат со сите пред да спроведат вакви планови, а според нив јавно-приватните партнерства не значат ништо друго освен приватизација на јавното здравство.
Извор: Алфа ТВ ׀ 25.07.2019