Извршени промени – пререгистрација на ССКЦ во регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика

Самостојниот синдикат на Клинички центри ја изврши својата пререгистрација во Регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика.
Со решение бр. 08-4715/2 од 19.09.2014г. на Министерството за труд и социјална политика е извршена промена на лицето овластено за застапување на Самостојниот Синдикат на Клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија во Регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика.
Со решение бр. 08-4715/5 од 30.09.2014г. на Министерството за труд и социјална политика е извршена промена на називот и седиштето на Самостојниот Синдикат на Клинички центри и други здравствени организации во Република Македонија во Регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика.
Врз основа на извршените промени-измени во актите, новиот назив на синдикатот е:
“Самостоен синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија”.
Седиштето на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија е ул. “ Мајка Тереза “  бр. 17.
Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија е Горан Беговиќ.
Согласно чл.2 од Статутот синдикатот е организиран како синдикат на повисоко ниво.

Скопје, 30.09.2014г.

САМОСТОЕН СИНДИКАТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТРИ