Првите 280 заштитни маски со визири за медицински работници испринтани на 3D принтери се направени. Околу 150 веќе се стерилизирани и испорачани во Инфективна клиника, Клиниката за гинекологија и акушерство, Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, Универзитетската Клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”, детската болница „Козле” и градската општа болница „8-ми септември”. Во следниот период овие маски ќе се испорачуваат и до другите клиники и болници од јавното и од приватното здравство!
Сопствениците на 3Д принтери не сакаат никаков надомест за работата. Тие се ентузијасти кои во моментов го ставаат сите капацитети и ресурси за справување со настанатата ситуација.
За неколку денови се направени 280 заштитни маски, а набавен е филамент за производството непрекинато да тече. Дистрибуцијата со болниците и клиниките ќе се прави на два дена од страна на претставници од Асоцијацијата и тоа според приоритет.
Сите заштитни маски се бесплатни за корисниците, односно за докторите и другите медицински лица. Исто така, важно е да се нагласи дека сопствениците на 3Д печатарите не добиваат никаков надомест за нивното користење.
Овие маски се сериозна бариера за медицинските лица затоа што го покриваат буквално целото лице од челото надолу. Материјалот е таков што не пропушта ништо, може да се дезинфицира и повторно да се употребува.
Производството продолжува и сите кои сакаат да донираат за набавка на репроматеријал може да донираат на 320100024402679 Централна кооперативна банка (Даночен број: 4032014526408). Исто така може да контактираат и преку ФБ групата 3Д Принт Медицинска Опрема.
Извор: Иновативност.мк 25.03.2020 година