Expres.mk: Искусните лекари со највисоки плати во Германија

Со годишна бруто плата од околу 115.320 евра, искусните доктори се најплатени во Германија годинава, објави германскиот деловен портал „Гехалт“.

По нив следуваат стручњаците за продажба или аквизиции со заработувачка од 99.635 евра, директорите на фондови со 83.640 евра и лекарите-специјалисти со 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се уште и финансиско-сметководствените менаџери, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.

Извор: Expres.mk  December 14, 2019

Целиот текст прочитајте го тука