Канал 5 ТВ: НАкС: Во МОН нè уверуваа дека не иницирале нов синдикат

Преставниците на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска на средба во МОН со министерот за образование и наука Арбер Адеми и вицепремиерката Мила Царовска биле уверувани дека тие не иницирале и не се одговорни за основање синдикати на јавните универзитети. Од владините претставници им било ветено и дека до крајот на денот ќе бидат разгледани нивните аргументи и предлози.

-Претставниците на Владата нè уверуваа дека ниту иницирале ниту стојат зад незаконската постапка за формирање на синдикатите. Што се однесува до покачувањето на платата на вработените во високото образование од 10 проценти, претставниците на НАкС изнесоа аргументи дека за исплаќањето на ветеното покачување нема законски пречки, тоа не е условено со колективен договор, и посочија  правни механизми за негово реализирање веднаш, изјави в.д. претседателката на НАкС Елена Џукеска.

Таа ја поздрави, како што рече, „заинтересираноста на Владата да се вклучи во надминување на проблемите поврзани со исплаќањето на ветеното покачување од 10 проценти и со незаконското формирање жолти синдикати од страна на работодавачите – ректорите на УКИМ и УКЛО”.

Целосната објава можете да ја погледнете тука

Извор: Канал 5 ТВ    28 јануари 2020, 14:53