КСС порачува: “Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор”

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе подолго време излегува со своето барање, кое беше многупати јавно искажано,  Владата  и Министерството за информатичко општество и администрација да се откажат од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, бидејќи идејата воопшто не е издржана, а уште потешко е да се имплементира во пракса.

Владата треба да се насочи кон други мерки кои ќе помогнат да се пополнат дефицитарните кадри во приватниот сектор, а не преку трансфер на вработените од јавниот сектор. Да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, а не да се вработуваат нови партиски и нестручни кадри, а потоа да ги “трансферираат” оние кои имаат подолго искуство. Вработените во јавниот сектор се изложени на постојан притисок со „трансферот”, а досега нема предложено никаков конкретен модел.

Пазарот на трудот е отворен и секој кој сака може да работи и во приватен и во јавен сектор, а Владата со конкретни мерки да помогне на работодавачите за да може приватниот сектор да биде попривлечен и одливот на вработени ќе се реши по природен пат, а не со мерка која е вештачка и не одговора ниту на работодавачите, ниту на работниците.