Мета.мк: Ова се законските измени за администрацијата што се очекува да бидат усвоени

До крајот на оваа година или почетокот на 2020 година, граѓаните ќе можат да видат видливи резултати од проектот за реорганизација и оптимизација на јавната администрација, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата.

„Вработените во јавната администрација кои ќе се согласат да преминат во приватниот сектор, ќе добијат повисоки плати, додека компаниите што ќе ги вработуваат овие лица ќе добијат субвенции за придонеси“, рече Манчевски за најавениот проект за трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор.

Пеце Грујовски од Синдикатот на вработените во администрација, Правосудните тела и Здруженија на граѓани рече дека многу од нивните барања не биле прифатени. Новите законски измени за администрацијата и административните службеници имаат недостатоци што ќе мора да се изменат пред да влезат во собраниска процедура“, рече Грујовски.

Извор: Мета.мк  27 септември 2019

Целиот текст прочитајте го тука