МТМ ТВ: МИОА: Сите отворени прашања за трансферот од јавен во приватен сектор се разговараат во консултативен процес со сите засегнати страни

Во однос на дилемите поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор, реагира Министерството за информатичко општество и администрација на соопштението на Сојузот на стопански комори.

Трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во Северна Македонија, и секако дека има голем дел на отворени прашања и дилеми, кои за да се затворат неопходни се конструктивни предлози од сите засегнати страни. Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа, се вели во реакцијата на МИОА на соопштението од ССК

Извор: МТМ ТВ   Создадено: 27 Јули 2019

Целиот текст прочитајте го тука