Само во првите пет месеци од оваа година 90 млади лекари заминале во странство, говорат податоците од Лекарската комора од каде што побарале Потврда за работа во странство или доедукација. Се претпоставува дека овој број е многу поголем бидејќи многумина заминуваат без овој документ, а многумина студираат во странство и патот кон ЕУ и САД им е слободно отворен.
Нема стимулативни мерки за младите лекари, здравствениот систем е колабиран, во државата нема лекари“, велат во ПРОЦЕС, др. Ненад Лазаров од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти- АСМЛ и др. Миралем Јукиќ од Здружението на лекари специјализанти -ЗЛС.
Овие млади лекари, од кој едниот вработен во Итната медицинска помош и две години години не може да замине на специјализација бидејќи во оваа служба има недостиг од лекари, вториот со помината специјализација по гинекологија, разговараме за сите тешкотии со кои се соочуваат и како да се стимулираат младите лекари да останат и да работат во државата.
Тие отворено ги изнесоа проблемите, зборуваат за состојбата во која се наоѓаат четврица млади лекари во дебарската болница кои работат за 15 ооо денари, за реалното зголемување на платите и велат дека се изневерени нивните очекувања, за специјализациите и за „лихварските“ договори што ги потпишувале, а не се променети од време на екс министерот Тодоров, за неплатените дежурства на специјализантите на кои се потпира здравството и за макотрпната и не вреднувана работа.
„Предвидувањата се дека доколку продолжи ваквата состојба во 2021 година околу 30 проценти од постарите специјалисти ќе заминат во пензија. Во ситуација кога сега има дефицит од 700-800 специјалисти, ќе се случи катастрофа по пензионирањето на постарите лекари. Младите лекари не сакаат да работат во девастиран ситам, учат германски и си заминуваат. Крајно време е да се направат напори да се променат работите, им порачаа на надлежните Јукиќ и Лазаров кои ги преставуваат двете здруженија на специјализанти и млади лекари.
Извор: Менче Атанасова Точи ׀ July 10, 2019-6:35 pm