Пациенти се повеќе, а докторите заминуваат на пензија

Населението во Америка старее, на многумина им е потребна секојдневна помош од докторите кои се се помалку.

Според предвидувањатана Здужението на американски медицински колеџи, САД до 2031 година ќе има недостаток од 46,900 до 121,900 доктори во примарната и специјалистичка нега.

Стареењето на американското население ќе ја погоди здравствената индустрија на многу начини. Американците живеат подолги и поздрави животи, а дури во подоцните години се појавува потребата за почести лекарски прегледи.

Една трерина од докторите кои моментално се вработени во наредната деценија ќе имаат повеќе од 65 години, како и големиот број на експерти во следните десет години ќе отидат на пензија.

„Знаеме дека постарите пациенти користат два до три пати повеќе медицински услуги од помладите пациенти, а бројот на луѓето постари од 65 години ќе се дуплира само во наредните 10 до 15 години“, рекол извршениот потпретседател на здружението, доктор, Атул Гровер. „Потребни ни се доктори од сите профили и специјалности, а половина од нив се неопходни во примарната здравствена нега“, додал Гровер.

Недостаткот на доктори посебно е евидентен во Аризона, а ситуацијата е посебно лоша во руралните среднини каде се вработени дупло помалку доктори, отколку што е потребно. Додатниот проблем на оваа држав е забрзаниот раст на населението, па поради тоа се четврти на американската листа на сојзуни држави во кој процентот на население најбрзо расте. Моментално се во потрага за 600 доктори за примарна здравствена заштита, а се предвидува дека тој број до 2030 година ќе порасне на 2,000.

Аризона со овој проблем се бори на различни начини, еден од нив е дури и обидот да се изменат одредени ставки од законот. Републиканската Влада на Аризона неодамна го потпишала универзалниот закон кој овозможил признавање на лиценци на луѓето кои ги стекнале во други американски држави и на тој начин го олеснила преминот на доктори во оваа држава. Оваа мерка е прва од ваков вид во земјата и влијае на разни видови на лиценцирани професии, од фризери до лекари.

Здружението на американски медицински колеџи ја поддржува одлуката за промена на законот, но додаваат дека е неопходно е да се вложува повеќе во програмата за обука на доктори за сите специјализации.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Sep. 09, 2019 at 8:00 am