Синдикатот на Клинички центри гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетските клиники и институти и Стоматолошкиот Клинички Центар за докторите на медицина и стоматологија, докторите на медицина и стоматологија на специјализација и докторите на медицина и стоматологија со магистериум.
Усогласувањето ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплатата на платата за месец март 2016 до декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните износи на бруто плата пресметани со следните коефициенти:
– доктор на медицина, доктор на стоматологија : 3,325
– доктор на медицина на специјализација и доктор на стоматологија
на специјализација : 3,487
– доктор на медицина и доктор на стоматологија – магистер : 3,704
З а н и м а њ е | од март до мај 2016 година |
од јуни до ноември 2016 година |
од декември 2016 година |
||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
– доктор на медицина, – доктор на стоматологија |
3,104 | 3,214 | 3,325 | ||||
– доктор на медицина на специјализација – доктор на стоматологија на специјализација |
3,192 | 3,339 | 3,487 | ||||
– доктор на медицина магистер, – доктор на стоматологија магистер |
3,391 | 3,548 | 3,704 |
Овој Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата влегува во сила од денот на неговото потпишување, а ќе се применува започнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 година.
Скопје, 31.03.2016 година
Самостоен синдикат на Клинички центри