Синдикатот на Клинички центри гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетските клиники и институти и Стоматолошкиот Клинички Центар за докторите на науки од областа на природни немедицински науки и фармација, филозофски науки и педагошки науки.
Усогласувањето ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплатата на платата за месец март 2016 до декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните износи на бруто плата пресметани со следните коефициенти:
– доктор на науки од областа на природни немедицински науки и фармација, филозофски науки и педагошки науки: 4,199
* фармација * биологија* биохемија * хемија * физика * психологија
* педагогија * дефектологија * сурдологија * логопедија * социјална работа и сл.
– доктор на науки од областа на природни немедицински науки и фармација, филозофски науки и педагошки науки: * фармација * биологија * биохемија * хемија * физика * психологија * педагогија * дефектологија, * сурдологија, * логопедија * социјална работа и сл. |
3,844 | 4,022 | 4,199 |
Овој Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата влегува во сила од денот на неговото потпишување, а ќе се применува започнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 година.
Скопје, 31.03.2016 година
Самостоен синдикат на Клинички центри