Покачување на платите на здравствените работници со високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата

Синдикатот на Клинички центри гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетските клиники и институти и Стоматолошкиот Клинички Центар за работници кои имаат засновано работен однос во јавна здравствена установа за поединечни работи односно занимања како здравствен работник со средно или више образование и кои со преквалификација или доквалификација се стекнале со високо стручно образование или со 180 ЕКТС, од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, до распоредувањето на работни места за здравствени работници со високо образование остваруваат право на додаток на плата во висина на разликата од бруто платата што се исплатува за поединечни работи односно занимања како здравствен работник со средно или више образование до износот на бруто плата пресметан со коефициент 2,617, започнувајќи со исплата на платата за месец декември 2016 година.

Усогласувањето ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплатата на платата за месец март 2016  до  декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните износи на бруто плата пресметани со следните коефициенти:

– здравствени работници со високо образование
( со основ. бруто коеф. 2,118): 2,617

– здравствени работници со високо образование
( со основ. бруто коеф. 2,149): 2,617

– здравствени работници со високо образование
( со основ. бруто коеф. 2,324: 2,617

З а н и м а њ е од   март
до мај
2016 година
од   јуни
до   ноември
2016 година
од
декември
2016 година
Здравствени работници со високо образование (со основ. бруто коеф.2,118) 2,284 2,451 2,617
Здравствени работници со високо образование (со основ. бруто коеф.2,149) 2,305 2,461 2,617
Здравствени работници со високо образовани (со основ. бруто коеф.2,324) 2,422 2,519 2,617

Овој Анекс ќе се применува само на здравствените работници што се стекнале со високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, заклучно со 30.11.2015 година.
Овој Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата влегува во сила од денот на неговото потпишување, а ќе се применува започнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 година.

Скопје, 31.03.2016 година

Самостоен синдикат на Клинички центри