Покачување на платите на фармацевтите

Синдикатот на Клинички центри гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетските клиники и институти и Стоматолошкиот Клинички Центар за дипломиран фармацевт, дипломиран фармацевт  на специјализација, дипломиран фармацевт со магистериум, дипломиран фармацевт специјалист, дипломиран фармацевт специјалист-примариус и дипломиран фармацевт супспецијалист.

Усогласувањето ќе се изврши во три фази почнувајќи со исплатата на платата за месец март 2016  до  декември 2016 година, при што ќе се применуваат следните износи на бруто плата пресметани со следните коефициенти:

– дипл. фармацевт: 3,034

– дипл. фармацевт  на специјализација: 3,185

–  дипл. фармацевт магистер: 3,646

– дипломиран фармацевт специјалист: 3,751

– дипл. фармацевт специјалист-примариус: 4,017

– дипломиран фармацевт супспецијалист: 4,017

З а н и м а њ е   од    март
до     мај
2016 година
  од    јуни
до    ноември
2016 година
       од
декември
2016 година
–   дипл. фармацевт 2,832 2,933 3,034
–   дипл. фармацевт  на специјализација 2,916 3,051 3,185
 -дипл. фармацевт  магистер 3,388 3,492 3,646
– дипломиран фармацевт специјалист, 3,434 3,593 3,751
– дипл. фармацевт специјалист-примариус 3,677 3,847 4,017
– дипломиран фармацевт супспецијалист 3,677 3,847 4,017

Овој Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата влегува во сила од денот на неговото потпишување, а ќе се применува започнувајќи со исплата на платата за месец март 2016 година.

Скопје, 31.03.2016 година

Самостоен синдикат на Клинички центри