Пререгистрација/регистрација на Основните синдикални организации во регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика и во Централниот регистар

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија ја изврши пререгистрацијата на своите постоечки членки и регистрира 8 свои нови членови во регистарот на синдикатите во Министерството за труд и социјална политика и во Централниот регистар. На овој начин е постапено согласно измените на Законот за работни односи и целосно е завршена постапка за регистрација пред Министерството за труд и социјална политика и Централниот регистер на РМ.