Мирен протестен митинг „Пет до 12“ се одржа пред влезот во Општата болница округот Винковци, во Хрватска на кој се собраа 100тина луѓе, болнички персонал, кои уште еднаш предупредуваа за лошата позиција на здравствените работници и за важноста од прифаќање на барањата на синдикатот и потпишувањето на нов колективен договор.
Работниците собрани се прашуваа „колку време останува до целосниот колапс на здравствениот систем“ и рекоа дека синдикатите со години укажуваат на недостатоци и проблеми во здравствениот систем. Тие бараат зголемување на коефициентите на обемот на работа, соодветни услови за работа, усогласеност со колективните договори и посочуваат дека платите во системот се под националниот просек во однос на многу земји од ЕУ, но дека тие не се единствениот проблем со кој се соочуваат вработените во системот.
-Проблемот се појавува во односот на здравствениот систем кон вработените затоа што се очекува да го жртвуваме нашето здравје, а во исто време нашата работа е недоволно платена. Работиме многу напорно и сакаме да работиме, но бараме нашата работа да биде препознаена и ценета и да имаме соодветни услови за работа кои се достојни за секоја личност! Бараме фер и достоинствена плата за нашата работа – рече медицинската сестра Кучjак.
Извор: www.rabotnik.com.mk Sep. 10, 2019 at 10:36 am