Претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија во својата презентација на 34 тото Советување на здружението на правниците од здравството на Република Македонија, кое се оддржа во Х. Дрим, Струга од 09 до 11.11. 2017 година ги информираше присутните гости и членовите на организационото тело за историјатот на синдикатот, целта на неговото формирање и задачите, организационата поставеност и областа на делувањето, како и за претходните и тековни активности на синдикатот.
Присутните на Советувањето пројавија значителен интерес за синдикатот, што беше воочливо за време на дискусијата, како и во непосредните контакти потоа, во кои го изразија позитивното мислење за синдикатот.
Синдикатот ќе продолжи и во иднина да присуствува на вакви и слични собири со цел на сопствена афирмација и правовремена едукација за планираните новини во законодавната и други области од интерес на синдикатот.
Скопје, 11.11.2017 година
Претседател на Самостојниот синдикат на
вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и
други јавни здравствени установи во Република Македонија
д-р Горан Беговиќ