Самостојниот Синдикат на Клинички Центри учествуваше на Јавната расправа за предложениот Закон за медицински сестри и акушерки

Самостојниот Синдикат на Клинички центри учествуваше на јавната расправа за Законот за медицински сестри и акушерки во Собранието на Репубика Македонија одржана на 13.01.2016 година.

Во дискусијата беше истакнато дека Самостојниот Синдикат на Клинички центри го подржува предложениот Закон за Медицински сестри и акушерки во кој се имплементирани голем дел од предлозите и забелешките на Синдикатот.

Во своите излагања при јавната расправа, преставниците на Синдикатот од Одборот на медицински сестри и акушерки, Ртг техничари, лаборанти и физијатри ја истакнаа потребата од донесување на ваков Закон. Укажаа на европските и светски искуства во таа област, како и на Европските директиви.
Истовремено ја потенцираа улогата и значењето на медицинската сестра и акушерка како составен и неопходен чинител во пружањето квалитетна здравствена услуга.

Со искуства од својата пракса пластично ја прикажаа тежината и одговорноста на сестринската професија и придонесот на медицинската сестра и акушерка во лекувањето и третманот на пациентите.

Укажаа за значењето на постојаната едукација, но истовремено го истакнаа и влијанието на работното искуство и љубовта кон професијата во формирање на квалитетна медицинска сестра и акушерка.

Дел од забелешките по одредени членови на предложениот Закон за медицински сестри и акушерки, претставниците на Самостојниот Синдикат на Клинички центри ги изнесоа во текот на расправата, а останатите како што беше договорено при расправата, претставниците на Синдикатот ќе ги достават на предлагачот во писмена форма.

Скопје, 13.01.2016 година

Самостоен Синдикат на Клинички центри