Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија учествуваше со свои претставници на првата синдикална школа за млади лидери организирана од Конфедерацијата на слободни синдикати во х.Бисер, Струга од 09.11.2017 до 11.11.2017 година, поддржана од Светската Конфедерација на синдикати (ЕТУК) и Пан – Европскиот регионален центар (ПЕРК).
Главна тема на школата беше “Вознемирување на работното место (мобинг)“. Презентер беше адвокат м-р Маја Ристова, врвен експерт во оваа област.
Претставниците на синдикатот активно учествуваа во сесиите, за што по евалуацијата им беа доделени сертификати.
Скопје, 11.11.2017 година
Претседател на Самостојниот синдикат на
вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и
други јавни здравствени установи во Република Македонија
д-р Горан Беговиќ