Самостојниот синдикат им укажува на вработените во ЈЗУ, членки на ССКЦ дека обработката на личните податоци се остварува само по претходна нивна согласност која мора да биде во “писмена форма“.
Никој нема право да ги присили вработените во ЈЗУ, членки на ССКЦ без нивна писмена согласност да ги обработува нивните биометриски податоци.
За сите оние кои нема да дадат согласност, работодавачот мора да воведе алтернативна евиденција на работното време.
Законска обврска и должност на Директорите на ЈЗУ е да им укажат на вработените дека не можат да се присилат на биометриско вчитување на работното време без нивна писмена согласност и нивна законска обврска и должност како работодавач е да воведат алтернативна евиденција на работното време.
За секое непочитување на оваа одредба од член 6 од Законот за заштита на личните податоци, членовите на ССКЦ да го известат Самостојниот синдикат.
Самостојниот синдикат испрати Допис до Управата за електронско здравство на Министерството за здравство со барање за повлекување на планираната Централна електронска евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите во ЈЗУ со употреба на биометриски податоци на вработените во ЈЗУ.
Советот на Самостојниот синдикат на седницата одржана на ден 10.02.2017 година донесе одлука
ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ РАДИКАЛНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈЗУ,
доколку барањето на Самостојниот синдикат за повлекување на планираната Централна електронска евиденција не биде прифатено од страна на Управата за електронско здравство.
Со почит,
Претседател
________________
д-р Горан Беговиќ