Се бара решение за паркингот на клинички – средба на синдикатот и министерот

Пари за покачување на плата нема, за паркингот ќе се преговара. По три дена протести на вработените во клиничкиот центар, министерот за здравство седна на заедничка маса со синдикалците. Конкретни решенија се уште нема. Ќе се организира и средба со премиерот. Вработените на став – додека не се изнајде договор, продолжуваат со протетстите.

– „Средствата што министерот ги кажува не се во согласност со овие наши барања, вети дека ќе договори средба со премиерот, го кажа истото дека тоа е максимум што можат да понудат, што се однесува до покачувањето на палтите за 2019та година.“ – изјави Д-р Горан Беговиќ – Претседател на ССКЦ.

Министерот Филипче вели се разгледува можноста наместо ЈП Градски Паркинзи, со паркингот повторно да управува клиничкиот центар. Најави и изградба на две нови катни гаражи, со кои како што вели ќе се олесни сообраќајниот метеж. Во однос на платите потенцира дека засега нема пари во буџетот за покачување.

– „Паркингот е капка која ја преполни чашата на наталожените проблеми на вработените во клинички, порачаа здравствените работници кои денеска трет ден по ред протестираа.“ – изјави Венко Филипче – Министер за здраство.

Освен поништување на одлуката за покачување на цената на паркингот, тие денеска побараа и покачување на платите на сите вработени, без поделба по коефициенти и профили.