Самостојниот Синдикат на вработените во Универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија го повикува своето членство и другите вработени во Универзитетските Клиники и Стоматолошкиот Клинички центар да преку собирање на хелиодромот во кругот на Клинички центри, јавно ја искажат својата солидарност кон д-р Љубомир Огњеновиќ и да го искажат својот револт кон несаканиот настан и кон понижувачкиот статус на докторите и останатите здравствени работници и соработници, на ден 12.11.2015 година за време на паузата од 10 до 10 и 30 часот.
Самостоен синдикат на Клинички центри
Претседател
______________________
д-р Горан Беговиќ