100 000 плата за докторите специјалисти беше едно од најголемите предизборни ветувања на власта, кое беше споменувано на митинзите во сите градови во земјава.
„Стартуваме и со покачување на платите и во здравствениот сектор и за докторите и за целиот здравствен персонал. Конечна цел ќе биде специјалистите да имаат плата од 100 000 денари“, вели Зоран Заев – премиер на Р.М.
Платата на специјалистите е далеку од 100 000 денари, па дури до 2020 со оваа динамика на покачување нема да стигне до тој износ -велат од Синдикатот на Клинички центар.
Од синдикатот побараа средба со премерот Заев на која би разговарале за лавината од забелешки кои ги имаат, а која би требало да се реализира во понеделник со услов.
„Изјавата на премиерот во делот дека ќе преговара со синдикатите за нас е неприфатлива. Оваа средба ја бараше нашиот синдикат“, вели д-р Горан Беговиќ – претседател на синдикат на Клинички центар.
Тие порачуваат дека доколку учествуваат и други синдикати за кои не се информирани какви барања имаат нема да присуствуваат на закажаната средба со премиерот, инсистираат на тет-а-тет состанок. Министерот за здравство Венко Филипче во телефонски разговор за ТВ21 информира дека ветувањето е планирано да биде исполнето до крајот на 2019 година, но за краен рок си ја поставиле 2020 година.