Повеќе од 1,3 милиони лекари ширум светот се заразени со новиот коронавирус, соопшти Светската здравствена организација.
Според организацијата, во светот има 13,4 милиони инфекции.
– Лекарите и медицинските сестри не само што го ставаат во опасност својот живот, туку многу од нив исто така доживуваат физичко и психичко исцрпување од исклучително стресната работа за време на пандемијата, рече Тедрос.
– Сите ние им должиме многу на здравствените работници, додаде тој.
Извор: Слободен печат 17.07.2020 20:54