Советот на ССКЦ донесе одлука да се потпише анексот за покачување на дежурствата на докторите и ноќниот труд за вработените кои работат во смени

На состанокот на Советот на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни установи во Република Македонија (во понатамошниот текст: ССКЦ, Синдикатот) одржан на ден 16.04.2018 година со почеток во 13 часот, членовите на Советот на ССКЦ едногласно донесоа одлука да се потпише Анексот за покачување на дежурствата на докторите од интерните и сродни гранки и дел од хируршките гранки, и покачување на ноќниот труд за вработените кои работат во смени.
На состанокот на Советот на ССКЦ, присуствуваше и министерот за здравство, г-дин Венко Филипче, со што ја искажа својата почит кон Синдикатот.
За членовите на ССКЦ ова е голема чест и се особено благодарни на министерот за здравство, г-дин Венко Филипче за изразената почит.

Претседател
__________________________
д-р Горан Беговиќ др.сци.