ССКЦ на медицинските сестри им го честита 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри и им се заблагодарува за нивниот огромен придонес во справувањето со Ковид-19

Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави низ целиот свет, секој 12 мај, на годишнината  од раѓањето на Флоренс Најтингејл, за да се одбележат придонесот што медицинските сестри го даваат во општеството.  Меѓународниот совет на медицински сестри го прославува овој ден од 1965 година.

Медицинска сестра е професија која е фокусирана на грижата за пациентите за да можат да закрепнат, да постигнат и одржуваат оптимално здравје и квалитет на живот.

Медицинските сестри, грижата и третманот за пациентите ја остваруваат во координација со другите членови на мултидисциплинарниот тим.

Медицинските сестри се разликуваат од другите даватели на здравствени услуги според нивниот пристап кон грижата за пациентот, обуката и обемот на практика.

Медицинските сестри се обучуваат во многу специјалности. Многу медицински сестри обезбедуваат нега и третман во рамките на терапијата ординирана од страна на лекарите, и оваа традиционална улога ја обликува јавната слика на медицинските сестри како даватели на здравствена услуга. На медицинските сестри  во повеќето земји им е дозволено самостојно да практикуваат различни  дејности. Од повоениот период, образованието на медицинските сестри претрпе процес на диверзификација кон напредни и специјализирани квалификации, а многу од традиционалните регулативи и улогата на давателите на услуги се менуваат.

Во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, медицински сестри со долга пракса  и клинички медицински сестри – специјалисти, дијагностицираат здравствени проблеми и препишуваат лекови и други терапии, во зависност од нивните регулативи.                          

Флоренс Најтингејл (Florence Nightingale)   

Флоренс Најтингејл (1820-1910), позната како „Дамата со светилка“ и „Ангелот на Крим“  е основач на медицинското сестринство и творител на модерната медицинска сестра. Таа беше британска медицинска сестра, социјален реформатор, писател и статистичар.          

Нејзините искуства како медицинска сестра за време на Кримската војна беа основа во нејзините погледи за спроведување на здравствените мерки. Најтингејл за цело време се грижеше за војниците. Во вечерните часови се движеше низ темните ходници носејќи ламба при своите обиколки при негувањето и пружањето помош на пациентите. Војниците, кои биле  импресионирани од нејзината бескрајна грижа кон нив, ја нарекувале „Дама со светилка“, и „Ангел на Крим“. Нејзината работа заедно со нејзините 34 соработнички, медицински сестри ја намалила стапката на смртност кај војниците за две третини.

Таа е основач на болницата „Свети Томас“ и Училиштето за обука на медицински сестри „Најтингејл“ во 1860 година. Тоа беше првото секуларно училиште за медицински сестри во светот, кое сега е дел од Кралскиот колеџ во Лондон.  

Нејзините напори за реформа на здравствената заштита во голема мерка влијаат на квалитетот на негата во 19 и 20 век.   

Како признание за нејзината пионерска работа во сестринството, медицинските сестри даваат заклетва во нејзина чест (the Nightingale Pledge). Оваа изменета „Хипократова заклетва“ беше составена во 1893 година од Листра Гретер и Комитетот на Училиштето Фаранд за обука на медицински сестри во Детроит, Мичиген.                 

Во нејзина чест се доделува медалот Флоренс Најтингејл (the Florence Nightingale Medal), највисокото меѓународно одличје, кое може да го добие медицинска сестра, а годишниот Меѓународен ден на медицинските сестри се слави на денот на нејзиниот роденден.  

 Покрај оригиналната верзија на заклетвата, постои и ревидирана верзија од 1935 година и модерна верзија подоле прикажана.

Пред Бога и оние собрани тука, јас свечено се залагам;
Да се ​​придржувам до кодексот на етика на медицинската сестра;
Да соработувам верно со другите членови на сестринскиот тим и да ги извршувам верно и најдобро со мојата способност упатствата на лекарот или медицинската сестра, кои може да бидат назначени да ја надгледуваат мојата работа;
Јас нема да направам ништо лошо или злонамерно и свесно нема да дадам никаков штетен лек или да учествувам во злоупотреба.             
Јас нема да откривам доверливи информации што можат да ми дојдат до знаење во текот на мојата работа.
И се заложувам да направам се што е во моја моќ да ги подигнам стандардите и престижот во сестринската практика; 
Нека животот ми биде посветен на услугата и на високите идеали на сестринската професија.  

Оригинална верзија

Музејот на Флоренс Најтингејл, кој е сместен на местото на оригиналното училиште за обука на медицински сестри „Најтингејл“, има повеќе од 2.000 артефакти во знак на сеќавање на животот и кариерата на „Ангелот на Крим“. До денес, Флоренс Најтингејл е широко прифатена и почитувана како пионер на модерната медицинска сестра.

ССКЦ им СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА медицинските сестри ЗА НИВНИОТ ОГРОМЕН И НЕПРОЦЕНЛИВ ПРИДОНЕС ВО БОРБАТА СО КОВИД-19.

ССКЦ им го честита 12 мај, Интернационалниот ден на медицинските сестри и ги поддржува во борбата за остварување на нивните образовни, материјални и работнички права, како и подобрување на нивниот статус во општеството.