Сојузот на Стопански комори на Македонија (ССК) смета дека во врска со најавата за трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор треба да се посвети поголемо внимание како ќе се прецизираат критериумите за овие лица, дали анализите кои се прават прецизно ќе утврдат какво образование и вештини поседуваат, како би биле атрактивни за премин во приватниот сектор.
Она што е предмет на дискусија во последно време и на кое треба да се посвети големо внимание, сметаат оттаму, е најавата за трансфер на службеници од јавен во приватен сектор, лица за кои ќе се оцени дека нема повеќе потреба во јавната администрација.
-Се отвораат важни прашања, како ќе се одвива самиот процес во моделот на премин од јавен сектор во приватен, кој за прв пат ќе се применува во земјава, дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификацијата на овие кадри и кој ќе го изврши истото, колку време би траел тој процес на адаптација за ново работно место и кој би бил очекуваниот степен на продуктивност по преквалификација за оние работни места за кои приватниот сектор има потреба, вели претседателката на ССК Данела Арсовска.
Предизвиците кои ќе треба да се надминат во овој процес се бројни, смета таа, како мислењето особено на младата популација за високиот степен на атрактивност за вработување во јавната администрација, општото мнение дека работата во јавниот сектор нуди поголема сигурност, но и дека помалку труд се вложува за разлика од приватниот сектор.
Извор: Либертас ׀ 27.07.19 ׀ 12:36
Целиот текст прочитајте го тука