ТВ 24 Вести: И Брзата Помош ќе се приватизира?

И брзата помош може да стане јавно приватно партнерство – физибилити студијата на здравствените власти покажала неколку опции со кои може да се подобри работата на оваа служба, но пред да одлучи дали приватна фирма заедно со државата ќе раководи со брзата помош, министерот Филипче вели дека прво ќе дебатира со експерти.

И додека се чека на јавна дебата за брзата помош, министерството за здравство веќе склучи договор за јавно приватно партнерство во областа на стерилизацијата. Приватна фирма ќе ги стерилизира државните болници.

И покрај тоа што стручната фела се противеше на оваа одлука, а од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација предупредуваа дека има многу недоречености во тендерската спецификација, министерот Филипче убедува дека на овој начин ќе се намалат трошоците за државата, како и појавата на болнички инфекции…

Извор: ТВ 24 Вести  Ивана Стојкова   пет, 13.09.2019 | 5:34 pm

Целата објава прочитајте ја тука