Во дискусијата на IV Конгрес Радован Митрички рече дека треба да се цени улогата на Синдикатот и да се почитува нејзината моќ. Притоа тој го спомена примерот на Универзитетската клиника за радиологија каде благодарејќи на активностите на Самостојниот синдикат беше исправена неправдата и на вработените им беше вратено старото работно време од 6 часови кое беше зголемено на 7 часа. Сметам, рече тој, ако не беше ангажирањето на Самостојниот синдикат ова немаше да го оствариме. И, според Митрички, тука не треба да се застане. Според него има уште многу прашања што како задачи треба да ги реализираат новите органи на самостојниот синдикат.
Дојран, 23 мај 2014 година