Советот на Самостојниот синдикат на Клинички центри на својата седница одржана на 13.03.2015год. ја потврди претходно донесената одлука за формирање Одбори со следните профили:
- Одбор на доктори по медицина, доктори по стоматологија, дипл. фармацевти
- Одбор на медицински сестри, стоматолошки сестри, Ртг техничари, лаборанти, физиотерапевти, фармацевтски техничари (со средно, вишо и високо стручно образование), болничари и др.
- Одбор на административен персонал и здравствени соработници
Основна задача на Одборите ќе биде да ги согледаат реалните проблеми на членството, да ги дефинираат приоритетите и да понудат начин на нивно решавање. За својата работа ќе го информираат Советот на Синдикатот, кој ја носи крајната одлука за начинот на понатамошното делување. На седниците на Советот на Синдикатот, зависно од потребата ќе учествуваат и Претседателите на Одборите или нивните заменици.
Со цел членовите на Одборите да произлезат од базата, Советот на Синдикатот донесе одлука Информацијата за формирање на Одборите да се објави на веб страната на Синдикатот. Секој член кој ќе биде заинтересиран да учествува во работата на Одборите да ја најави својата кандидатура на мејлот на Синдикатот – sskc.sindi@yahoo.com или на телефонот на Синдикатот кај техничкиот секретар Верица – 02 3147 116.
Пријавувањето ќе трае 1 месец од објавувањето на веб страната.
Скопје 17.03.2015 год. | Претседател на Синдикатот на Клинички центри Горан Беговиќ |