Канал 5 ТВ: Филипче: Децата и натаму ќе се оперираат во клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО

Третманот на децата продолжува во клиничката болница „Жан Митрев“ без разлика дали тимот предводен од детскиот каридохирург Владимир Чадиковски останува во болницата или заминува, потврди за Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче.

Засега нема детално објаснување кој ќе ги прави операциите во оваа болница, бидејќи Чадиковски е единствениот лиценциран детски кардиохирург во Македонија.

Од клиничката болница „Жан Митрев“ до медиумите испратија писмено соопштение, каде објаснува дека оваа клиника пред 20 години го потпиша првиот договор со фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хиругија, и дека се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции.

 Извор: Канал 5 ТВ  Од: Мирјана Мирчевска Јовановиќ   07 август 2019, 15:00

Целата објава погледајте ја тука