Храбра, мудра и животоспасувачка интервенција на Службата за oбезбедување на Клинички центар „Мајка Тереза“

Службата за обезбедување на Клинички центар на ден 31.10.2019 година, околу 07,00ч утрината беше итно повикана од дежурниот персоналот на ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија поради обид за самоубиство на пациентка која е хоспитализирана и се лекува на Клиниката.

По брзото пристигање, екипата од обезбедување на местото на настанот наиде на видно вознемирена пациентка, која сакаше да си го одземе животот стоејќи на прозорец со нож во рака.

Реакцијата е непосредна и енергична. Додека останатите ја убедуваат да се смири и да не го прави тоа што наумила, еден припадник на обезбедувањето ја повлекува пациентката внатре во собата и ја оневозможува во намерата да си го одземе животот. Веднаш потоа е предадена на персоналот на Клиниката, кој ја згрижува на соодветен начин.

Ваквите интервенции и настани не се поединечни и ретки случаи во комплексот Клиники „Мајка Тереза“,  поради што доста често вработените во јавните здравствени установи во  состав на Клинички центар бараат помош и интервенција од страна на Службата за обезбедување.

Скопје, 31.10.2019 година

                                                                              Служба за Обезбедување на Клинички центар