Љубомир Цуцуловски: За месарите и „нивните клиенти“

Покренатата инцијатива да се формираат синдикати од страна на работодавачите/газдите (во случајов, од УКИМ и неговите единици), заедно со соодветното министерство (во случајов, Министерството за образование и наука) според својата суштина е еднаква на иницијативата месарите, месаропреработувачите и кланиците да формираат „синдикални“ организации, кои би се грижеле за виталните/животните инетерси на своите членови, животните. Звучи морбидно и лицемерно? Се согласувам, бидејќи кога и во која држава (не треба да се изуми дека УКИМ, заедно со факултетите, е државен универзитет!) сте чуле дека како основачи и подржувачи на синдикатите, се јавиле работодавачите, сеедно дали се од сферата на државата или се работи за приватни газди? На пример, сте чуле ли дека некогаш и негде сопствениците на рудниците да отвораат синдикални организации, кои би се грижеле за економските интереси на рударите и, згора на сѐ, синдикалните организации да бидат под контрола на газдите/сопствениците? Тоа е највулгарен и најдрзок начин да се замолчи секое манифестирање на незадоволството на граѓаните, макар било и синдикалистичко. Тоа е чекор кон целосно замолчување на општеството и ставање на сѐ под своја капа/сопственост, вклучувајќи ги и граѓаните, работниците, вработените.

Извор: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski/fb   January 26 at 12:22 AM ·