21 ТВ: Здравствените работници ќе добијат награда во битката со Ковид-19, ама не сите

 

https://www.youtube.com/watch?v=MmlbqHRUKrY&t=71s

Владата одлучи да ги награди лекарите и здравствените работници за нивниот придонес во борбата против Ковид-19. Во наредните два месеци ќе има зголемување на платите за 20% за епидемиолозите, вработените во Клиниката за инфективни болести, одделенијата за инфективни болести, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и вработените во Секторот за итни случаи. Веста ја објави министерот за здравство, Венко Филипче. И веднаш потоа ,следуваа  коментарите на лекарите од другите оддели. Најгласни беа рендгенските технолози, кои велат дека сите пациенти со корона минале и кај нив , како и докторите од  „8 Септември“ каде се лекуваат заразени пациенти.

ФЕЈСБУК КОМЕНТАРИ:

  • Срамота! Каде е 8-ми Септември да се наградат? Еднаш не дојдовте да видите како работиме.
  • Не ви е срам? Во 8-ми Септември се лечеа и се уште се лечат најголем број на позитивни пациенти.
  • А рентген технолозите зошто не се опфатени со покачувањето од дури два месеци? За некои има, за некои нема.
  • А каде се рентген одделенијата секој Ковид е со снимени плуќа.

Синдикатот на Клиничкиот центар ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство, но побара поголема награда за здравствените работници. Претседателот на синдикатот, Горан Беговиќ, рече дека сите здравствени работници треба да бидат наградени, заедно со техничкиот персонал, кои биле изложени на ризик и самите тие и  своите семејства.

И Здружението на приватните лекари ја оценува како селективна одлуката за наградување.

Првиот човек на здравството, Венко Филипче, по многуте реакции излезе со став дека зголемувањето на платите за 20% ќе има за сите здравствени работници.

Инаку во нашата земји со коронавирус се заразени околу 240 здравствени работници.

Видео приказот може да го погледнете тука 

Извор: 21 ТВ    Автор: Алмедина Исмајли   19/05/2020 20:26