24 Инфо: НАкС: Презедовме правни чекори, министерот Адеми не изманипулира

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека презел правни чекори за спречување на, како што наведува, „грубиот и безобразен упад во синдикалното организирање на вработените во високото образование”.

Во допис до медиумите Синдикатот информира дека се поднесени пријави и претставки до Државниот трудов инспекторат,  Државна комисија за спречување на корупцијата, Народен правобранител, Државен просветен инспекторат и Министерство за труд и социјална политика.

– Во овој миг на чело на Министерството за труд и социјална политика, како надлежно министерство за работите во синдикалното организирање, се претставнички на двете најголеми политички партии – ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Јавно ги повикуваме министерката Рашела Мизрахи и дополнителен заменик министер Санела Шкријељ да го почитуваат Законот за работни односи и да не потпишат решение за впишување на незаконито формираните синдикати на УКИМ и УКЛО во Регистарот на синдикати. Во спротивно, ќе сметаме дека и двете партии се дел од беззаконието, самоволието, манипулациите и понижувањето на високото образование – практики кои мораат да престанат веднаш, соопшти НАкС.

Синдикатот ја отфрла како неточна изјавата на министерот за образование Арбер Адеми дека имало потреба од формирањето нови синдикати зашто немало репрезентативен синдикат на двата најстари универзитета.

Целиот текст прочитајте го тука

Извор: 24info.mk