DW: Олеснето признавање дипломи за лекари, инженери и учители во Германија

Потрагата на Германија по квалификувана работна сила ги тера властите да го олеснат процесот на признавање на странските дипломи. Медицински сестри, лекари и други професионалци во областа најлесно минуваат.

Минатата година во Германија биле признанени 36.400 дипломи издадени во странство – зголемување за 20 проценти во однос на 2017, велат податоците на сојузната влада.
Околу две третини од странците кои побарале признавање на нивните квалификации и тоа им било одобрено потекнувале од здравствениот сектор, покажуваат бројките на Сојузниот завод за статистика.
Од нив, 7.200 дипломи на лекари биле целосно или делумно признаени, како и 10.400 квалификации за друг медицински кадар.

Германија се обидува да го зголеми бројот на квалификувана работна сила во критични сектори како медицината и образованието – и усвојува програми кои имаат за цел да привлечат повеќе работници.

Признавањето на дипломата или квалификацијата е основен предуслов за наоѓање работа во Германија.

Извор: DW.COM  Автор БГ 22.08.2019

Целиот текст прочитајте го тука