Ако ректорите на јавните универзитети се обидат по секоја цена да потпишат колективен договор за вработените во високото образование кој исклучиво се однесува на зголемување на платите за 10%, ќе се повторат сцените од зимата 2015 година, кога академската заедница масовно излезе на улица, најавува Независниот академски синдикат (НАкС).
Реакциите во академската заедница не стивнуваат откако завчера д-р Ангел Ристов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше избран за претседател на новоформираниот синдикат во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, вчера не одговори на прашањата на Факултети.мк дали ќе потпише колективен договор со новоформираниот синдикат при УКИМ, бидејќи во моментот тој ја има улогата на работодавец. Тој не беше достапен ниту за изјава.
Целиот текст прочитајте го тука
Извор: Fakulteti.mk 30.01.2020