Целокупната комуникација, постапката и редоследот на активности во делот на основањето на синдикатот кај работодавците се одвивале преку службените е-адреси кај работодавецот, по директна инструкција на генералниот секретар, со давање насоки на вработените и доставување изготвени пристапници од страна на генералниот секретар и секретарите во единиците во состав. Работодавците не ги почитувале одредбите од членот 195 од Законот за работни односи, со тоа што слободното здружување го свеле на службена комуникација и давање насоки, со што извршиле надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите, со што работодавецот сторил повреда на погоре цитираниот член од Законот за работни односи – го пренесува НАкС извештајот од инспекцискиот надзор.
Извор: Fakulteti.mk Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk