Mkd mk.: Претставени пет пакети за трансфер на вработените од јавен во приватен сектор

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција ги претстави петте механизми, предлози, пакети за кои денеска разговарале со претставниците на Стопанските комори и Синдикатите за трансфер на дел од вработените од јавен во приватен сектор, под одредени услови.

„Едниот предлог е трансфер на вработените од јавен во приватен сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите за тој соодветен вработен.

Пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, согласно потребите кои би ни ги доставиле претставниците на приватниот сектор, на Стопанските комори, но и од Агенцијата за вработување. Преквалификација согласно она што е потребата на пазарот на трудот во приватниот сектор и трошокот за оваа преквалификација да биде на страна на државата“, рече Манчевски.

Третиот пакет за кој се разговарало е отпремнина. По своја волја, вработени кои сакаат да го напуштат јавниот сектор да понудиме одредена атрактивна отпремнина со цел тие своеволно евентуално го напуштат јавниот сектор.

Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби. Тој посочи дека имаат идентификувано недостиг на одредени кадри и најави дека ќе се обидат со преквалификација и со внатрешна реорганизација да ги пополнат овие  недостатоци.

Манчевски информира дека дискутирале и за некој друг вид јавно-приватни партнерстви, кои доаѓаат како предлог од другите партнери во овој дијалог и треба дополнително да се доразработи.

Целиот текст прочитајте го тука

Извор: Mkd.mk  17 јануари 2020 – 16:32