Туристичка агенција
Адреса: ул. Даме Груев, број 7, локал 10, Скопје
Тел. 02 3119 006; 078 322 272
лого:

Поволност: плаќање на 12 рати без камата; висината на ратата не треба да изнесува помалку од 1000 денари
Повеќе информации:
Кратка историја за фирмата (дејност со која се бави, локација, продажни места)
Како претпријатие за услуги во патниот сообраќај постоиме од 1995. Веќе 25 години нашата примарна дејност е превоз на патници со високотуристички автобуси и минибуси на редовните меѓународни линии,апсолвентски и средношколски екскурзии,деловни фамилијарни и свадбени патувања, конгреси,туристички излети,семинари во земјата и на територијата на цела Европа.
Од 2016 година започнавме со работа како туристички оператор со лиценца А за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Рeпублика Македонија.
Нашата туристичка агенција е специјализирана за превоз на организирани групи, хотелски резервации, летни и зимски аранжмани, и организирање на специфични патувања во соработка со крајните корисници.
Денес во својата широка понуда Идеал Травел ги нуди најубавите Европски дестинации, по најповолни цени. Имаме сопствен закуп за летни аранжмани во Албанија, сопствен закуп за летни аранжмани за Кумбургаз и Кушадаси, Турција. Покрај летните аранжмани организираме и викенд патувања со 2 или 3 ноќевања во Будва, Нови Сад, Белград, Пролом Бања, Истанбул, Ксамил, Кумбургаз, Голубац, Острошки Манастир и уште многу други дестинации.Нашата агенција се наоѓа во Скопје. Најчесто поаѓањето за турите е од Скопје, но за некои аранжмани имаме организиран превоз и од други градови.
За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:
Да пополните потврда и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
Да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот)
Да приложите потврда за членство заверена во Синдикатот